Mastercard Business дебитната картичка гласи на име на правното лице и може да се користи за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина. Наменета е за фирми и претпријатија кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби.
- Можност за 24/7 користење на средствата од трансакциската сметка вклучително и одобрените средства од Overdraft на сметката на правното лице
- Едноставно следење на сметката и трошењето преку услугата НЛБ Проклик - Електронското банкарство
- Без провизија за плаќање во продажната мрежа во земјата и странство
- Подигнување готовина на сите банкомати каде е истакнат знакот на MasterCard®
- Дневен лимит за плаќање на продажни места до 250.000 МКД
- Дневен лимит за подигнување на готовина на банкомат до 250.000 МКД
