Mastercard Business кредитната картичка е картичка која гласи на име на правно лице. Mожат да ја користат повеќе вработени за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина. Преку Mastercard Business кредитната картичка се користат средства од одобрениот кредитен лимит или од сопствени уплатени средства. Картичката не е директно поврзана со трансакциската сметка на правното лице.
Наменета е за фирми, претпријатија и институции кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби на своите вработени.
- Можност за отплата на обврските на 6 рати за износи над 3.000 МКД
- Грејс период до 45 дена
- Безготовинско плаќање во земјата и странство
- Подигање готовина на сите банкомати каде е истакнат знакот на MasterCard®
- Можност за плаќање на обврските преку траен налог или НЛБ ПроКлик - електронско банкарство
- Дневен лимит за подигање готовина дo 250.000 МКД
- Дневен лимит за плаќање на продажни места до 250.000 МКД
