Кредитна линија за финансирање на жени во бизнис

Основни и обртни средства.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и НЛБ Банка АД Скопје, потпишаa договор за поддршка на жените претприемачи во Република Македонија.

Како дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан - Жени во бизнисот, ЕБОР обезбедува три милиони евра кредит на НЛБ  Банка, за финансирање на мали и средни претпријатија, управувани од жени.

Програмата е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија (МСП) управувани од жени, во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето. Програмата комбинира финансирање, техничка поддршка и деловни советодавни услуги за поддршка на МСП управувани од жени.

Намена

Инвестиции и тековно работење

Максимален износ

До 300.000 ЕУР

Рок на отплата

До 60 месеци
Обезбедување

Меници, хипотека, залог

Потребни документи

  • Барање за одобрување на кредитна изложеност
  • Тековна состојба
  • Официјални финансиски извештаи за последните 3 години
  • Финансиски извештај со пресек
  • Валидни документи за проценка на обезбедувањето
  • Документација согласно намената на кредитот