„Поинакво зимско доживување со MasterCard® haPPy во Кицбил, Австрија!“

Наградна игра: „Поинакво зимско доживување со MasterCard haPPy во Кицбил, Австрија!“



НЛБ Банка во периодот од 16.11.2019 година организира наградна игра за сите корисници на НЛБ haPPy кредитните картички.

  

Плаќајте со НЛБ haPPy кредитните картички и освојте вредни награди!

За да учествувате во наградната игра потребно е да направите најмалку една безготовинска трансакција со НЛБ haPPy кредитната картичка во износ од минимум 500 мкд во периодот од 16.11.2019 до 30.12.2019 година.

Колку повеќе трансакции реализирате, толку повеќе шанси имате да освоите некоја од наградите:

 

• Главна награда - Специјално MasterCard зимско доживување за двајца во Кицбил, Австрија од 20.1.2020 до 25.1.2020 година

• Неделни награди - 7 електрични тротинети

• Дневни награди - 45 велосипеди

   

 

Листа на добитници

Име и презимеГрадДатум на извлекувањеТип на награда
Чедомир Петковски СКОПЈЕ 17.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Огненчо Тренкоски МАКЕДОНСКИ БРОД 18.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Ленча Соколевска  РЕСЕН 19.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Лидија Смилкова СКОПЈЕ 19.11.2019 TРОТИНЕТ
Ирена Треневска РЕСЕН 20.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Лордан Хаддадин КАВАДАРЦИ 21.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Тони Јанакиевски СКОПЈЕ 22.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Мартина Ангелова СКОПЈЕ 23.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Јакупи Ферати СКОПЈЕ 24.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Елена Марковска СКОПЈЕ 25.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Мартин Давковски СКОПЈЕ 26.11.2019 TРОТИНЕТ
Александра Анѓелеска СКОПЈЕ 26.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Томислав Здравкоски СКОПЈЕ 27.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Миле Паласкаров ГЕВГЕЛИЈА 28.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Розита Цветковиќ СКОПЈЕ 29.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Драган Чачаров РАДОВИШ 30.11.2019 ВЕЛОСИПЕД
Наташа Крстевска Цалева СКОПЈЕ 01.12.2019 ВЕЛОСИПЕД
Ангела Кабова КОЧАНИ 02.12.2019 ВЕЛОСИПЕД
Горан Трајкоски КИЧЕВО 03.12.2019 ВЕЛОСИПЕД
Неде Ѓорѓиоски СТРУГА 03.12.2019 TРОТИНЕТ
Зорица Јорданова СКОПЈЕ 04.12.2019 ВЕЛОСИПЕД



 

ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА
„Поинакво зимско доживување со MasterCard haPPy во Кицбул, Австрија!“

 

Член 1: ОРГАНИЗАТОР

Организатор на наградната игра „Поинакво зимско доживување со MasterCard happy во Кицбул- Австрија!“(во понатамошниот текст „Наградна игра“) е НЛБ Банка АД Скопје, со седиште на ул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: „Организатор“) во согласност со овие официјални правила на Наградната игра (во натамошниот текст: „Официјални правила“).

Член 2: ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „Поинакво зимско доживување со MasterCard haPPy во Кицбул, Австрија!“

Член 3: ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се приредува на територијата на Република Северна Македонија

Член 4: ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ќе започне од 16.11.2019 и ќе трае до 30.12.2019 година.

Член 5: ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на MasterCard haPPy кредитните картички.

Член 6: ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право за учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица - државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 годишна возраст), кои се корисници на Master haPPy кредитна картичка и кои со Master haPPy кредитната картичка ќе направат најмалку една трансакција од минимум 500 МКД во продажна мрежа преку ПОС терминали или електронска трговија (е-комерц), во периодот од 16.11.2019 до 30.12.2019 година. На денот на извлекување на наградата ќе немаат достасани, а неподмирени обврски постари од 30 дена кон Организаторот кои произлегуваат од користењето на MasterCard haPPy кредитната картичка.

Сите кои ќе направат најмалку една ПОС или Е-комерц трансакција со НЛБ haPPy кредитна картичка од минимум 500 МКД во периодот од 16.11.2019 до 30.12.2019 година, автоматски ќе се квалификуваат за учество во наградната игра.

Еден учесник во наградната игра не може да добие повеќе од една неделна награда или повеќе од една дневна награда. Учесниците кои добиле дневна награда не може да учествуваат во излекувањата на неделна награда. Учесниците кои добиле неделна награда не учествуваат во извлекувањето на дневна награда. Сите учесници учествуваат во извлекувањето за главната награда.

Член 7: МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Квалификуван учесник во наградната игра е секое лице со право на учество во наградната игра кое во периодот во кој ќе се одвива наградната игра, ќе направи најмалку една трансакција со НЛБ haPPy кредитната картичка на износ еднаков или поголем од 500 МКД преку ПОС терминали или Е-комерц, во понатамошниот текст квалификувана трансакција. Учесникот во наградната игра кој има направено најмалку една квалификувана трансакција во периодот назначен како период на наградната игра има право да добие само една награда (дневна или неделна), како и право на учество во извлекувањето за главната награда. Повеќе квалификувани трансакции значат повеќе можности за награда.

Во наградната игра не се вклучени исплати на готовина од банкомат или банкарски шалтери.Трансакциите извршени од корисниците на дополнителни картички поврзани со основната кредитна картичка се едвидентираат во корист на носителот на основната картичка.

Банката во периодот на наградната игра ќе генерира извештаи со потребните информации кои го потврдуваат статусот на клиентот и дали истиот е квалификуван да учествува во наградната игра.

Член 8: НАГРАДИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ги нуди следните награди:

Дневни награди:

Тип на награда

Количина

Единечна цена

Вкупно

Градски велосипед

31

 10.990 МКД

340.690 МКД

Градски велосипед

14

10.490 MKD

146.860 MKD

*Во цената е вклучен ДДВ

Неделни награди:

Тип на награда

Количина

Единечна цена

Вкупно

Електричен тротинет 

7

21.990 МКД

153.930 МКД

*Во цената е вклучен ДДВ

Главна награда:

Пакет аранжман за две лица за патување во Кицбул Австрија

Специјално MasterCard зимско доживување за двајца од 20.1.2020 до 25.1.2020 (хотелско сместување со полупансион и трансфер од/до аеродром)

813.079 МКД

2 повратни авионски билети на линија Скопје-Минхен-Скопје

66.920 МКД

Буџет од 30.000 МКД на НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка

30.000 МКД

Вкупно

909.999 МКД

 

Количините на наградите од Наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се претходно определени. Вкупниот број на награди со главната награда е 53, а вкупната вредност на наградниот фонд е 1.551.479 МКД.

Член 9: ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите ќе се врши секој ден во периодот од 17.11.2019 до 31.12.2019 година. Во текот на наградната игра ќе се доделува само еден тип дневни, еден тип неделни награди и една главна награда зимување за двајца.

 

 

ДНЕВНА НАГРАДА

Секој ден, почнувајќи од 17.11.2019 до 31.12.2019 година ќе се извлекува по 1 добитник на дневна награда – градски велосипед.

Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 16.11.2019 од 00:00 часот, до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето.

Во првото извлекување на 17.11.2019 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 16.11.2019 од 00:00 часот до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето. Во секое следно извлекување на дневни награди ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 16.11.2019 година од 00:00 часот до 23:59 часот, претходниот ден од денот на извлекувањето, а ќе бидат исклучени добитниците на дневна и неделна награда. Последното извлекување на дневна награда е на 31.12.2019 година.

Дневните извлекувања ќе се одвиваат секој работен ден во 13:00 часот

НЕДЕЛНА НАГРАДА
Секој вторник, почнувајќи од 19.11.2019 до 31.12.2019 година ќе се извлекува по 1 добитник на неделна награда – електричен тротинет. Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 16.11.2019 година од 00:00 часот, до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето. Во првото извлекување на 19.11.2019 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 16.11.2019 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 18.11.2019 година. Во извлекувањата на неделни награди кои ќе се одржат на 19.11.2019, 26.11.2019, 03.12.2019, 10.12.2019, 17.12.2019, 24.12.2019 и 31.12.2019 ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 16.11.2019 година од 00:00 часот до 23:59 часот претходниот ден од денот на извлекувањето. За извлекувањето на 31.12.2019 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од почетокот на играта од 16.11.2019 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 30.12.2019 година. Во извлекувањата на неделните награди ќе бидат исклучени добитниците кои веќе освоиле дневна или неделна награда во наградната игра.

Неделните извлекувања ќе се одвиваат секој вторник во 13:00 часот.

ГЛАВНА НАГРАДА

Извлекувањето за главната награда ќе биде на 31.12.2019 година. Во извлекувањето за главната награда ќе учествуваат сите квалификувани учесници од почеток на наградната игра од 16.11.2019 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 30.12.2019 година. Во извлекувањата на главната награда ќе учествуваат сите квалификувани учесници како и добитниците кои веќе освоиле дневна или неделна награда во наградната игра.

Извлекувањето на главната награда ќе биде на 31.12.2019 година во 13 часот.

Добитници:

ДОБИТНИКОТ НА ЕДНА ДНЕВНА НАГРАДА не учествува во следните дневни и неделни извлекувања и не може да добие друга дневна или неделна награда, но учествува во извлекувањето на главната награда.

ДОБИТНИКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛНА НАГРАДА не учествува во следните дневни и неделни извлекувања и не може да добие друга дневна или неделна награда, но учествува во извлекувањето на главната награда.  

Во извлекување за ГЛАВНАТА НАГРАДА учествуваат сите квалификувани учесници во периодот на наградната игра.

Извлекувањата на наградите и определување на добитниците ќе се врши електронски, по случаен избор со помош на софтвер во просториите на Дирекцијата на Банката на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје. Извлекувањата на дневните наградите ќе се контролираат од страна на комисија составена од 3 члена –  вработени во Банката, а извлекувањата на неделните и главната награда ќе се контролираат од страна на комисија составена од 3 члена – двајца вработени во Банката и еден нотар, преку генерирање на соодветни извештаи во системот на Банката.

Член 10: ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Списокот на добитници ќе биде објавуван секој работен ден на веб страната на Организаторот www.nlb.mk, веднаш по извлекувањето на дневните, неделните награди и главната награда, во рок од еден час по извлекувањето.
Наградите може да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: НЛБ Банка АД Скопје – Служба за развој на продукти,управување на односите со клиенти(CRM) и маркетинг, Ул. Мајка Тереза бр. 1, 1000 Скопје. Рокот за подигнување на наградите е 60 дена од денот на објавување на добитниците. По конечна реализација на сите награди престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

Член 11: ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

Вработените кај Организаторот како и членовите на нивните потесни семејства немаат право да учествуваат во наградната игра.

Член 12: ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок.

Наградите не се пренесуваат ниту се препишуваат пред претходно доделување на истите.

Член 13: КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Организаторот има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетинг активности по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.

Доколку добитникот не сака неговите лични податоци да бидат искористени за горенаведените активности, може да прати допис до Организаторот, врз основа на кој неговите/нејзините лични податоци ќе се исклучат од понатамошно користење во такви цели.

Член 14: ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра, кој е должен во рок од 3 (три) работни дена писмено да одговори на добиениот приговор.

Член 15: ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Организаторот има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со поднесување на образложено барање и по добивање на одобрение од Министерството за финасии и да ја извести јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.

Член 16: ОТСTРАНУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците истиот ќе се решава спогодбено преку медијација или на друг мирен начин, а во случај кога тоа не е можно ќе решава стварно надлежен суд во Скопје.

Член 17: ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии, Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб сајтот на Организаторот www.nlb.mk и делумно објавени на рекламниот материјал наменет за промовирање на наградната игра.

Член 18: ПРОМОЦИЈА НА НАГРАДНАТА ИГРА
За промоција на Наградната игра ќе бидат користени следниве канали на комуникација:

  1. Рекламни објави на Facebook и Инстаграм профилот на организаторот
  2. Вибер заедница
  3. ТВ и Радио реклама
  4. Интерактивни банери на веб страници
  5. Флаери и постери во експозитурите
  6. Рекламни пораки на веб сајтот на НЛБ Банка АД Скопје www.nlb.mk
  7. Директна пошта
  8. Пораки до корисниците на мобилно и електронско банкарство и смс пораки до клиентите на Банката

 

Член 19: ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие Правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградите.