Барање за достава на обновена платежна картичка по пошта

Согласно моменталната ситуација на ширење на вирусот Covid 19 и препораките за намалена фреквенција на движење, а со цел Ваша заштита, НЛБ Банка започнува со достава на обновените дебитни и кредитни картички за физички лица на домашна адреса. За таа цел, доколку сакате картичката да Ви биде доставена на Вашата домашна адреса, потребно е го да пополните електронско барање. По доставата на картичката, истата ќе биде активирана во период до 24 часа, а за да почнете со користење потребно е да направите контактна трансакција со внесување на ПИН код на ПОС терминал или на најблискиот НЛБ Банкомат. 

Оваа услуга до 31- ви мај е без надоместок.

За сите дополнителни информации, Ви стоиме на располагање на телефонскиот број 02/15 600.

Како да доставите барање за да Ви стигне картичката на домашна адреса?

Се што треба да направите е да поднесете електронско барање за достава и да изберете кои картички сакате да ги добиете по пошта.