ГООООлема наградна игра! Направи безготовинска трансакција од најмалку 300 мкд со НЛБ Visa кредитните картички (Visa Classic, Visa Gold) во периодот од 1.9.2022 до 15.10.2022 година и освој патување за двајца на FIFA World Cup Qatar 2022TM

 

Основни информации
за наградната игра:

  • Наградната игра ќе се реализира во период од 01.09.2022 до 15.10.2022 година 
  • Ќе бидат доделени: 60 дневни награди (фудбалски топки), 12 неделни награди (спортски сет) и 2 главни награди (патување за двајца на Светското фудбалско првенство во Катар)
  • Извлекување: секој работен ден-дневни награди, секоја среда-неделна награда, 17.10.2022-главните награди.

Кој може да учествува 
во наградната игра:

  • Право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои во периодот од 1.9.2022 до 15.10.2022 година ќе направат безготовински трансакции со НЛБ Visa кредитните картички (Visa Classic, Visa Gold) на износ од најмалку 300 МКД.

Награди и извлекување на добитниците:

  • Дневни награди: 60 фудбалски топки, извлекување секој работен ден, во периодот од 2.9.2022 до 17.10.2022

  • Неделни награди: 12 спортски сетови, извлекување секоја среда во периодот од 2.9.2022 до 17.10.2022.

  • Главна награда: 2 патувања за двајца (пакет аранжман со влезници за двете полуфиналиња на Светското првенство во фудбал, во Катар, со вклучено хотелско сместување и повратни авионски билети, како и парични средства на Visa кредитните картички на добитниците), извлекување на 17.10.2022 година.

Правила на наградна игра

Член 1: ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра „НЛБ Visa кредитни картички- ГООООЛема наградна игра!“  (во понатамошниот текст „Наградна игра“) е НЛБ Банка АД Скопје, со седиште на ул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: „Организатор“) во согласност со овие официјални правила на Наградната игра (во натамошниот текст: „Официјални правила“).

Член 2: ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „НЛБ Visa кредитни картички- ГООООЛема наградна игра!“.

Член 3: ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се приредува на територијата на Република Северна Македонија.

Член 4: ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ќе започне од 01.09.2022 и ќе трае до 15.10.2022 година.

Член 5: ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на НЛБ Виза кредитните картички (Visa Classic и Visa Gold).

Член 6: ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Наградната игра е наменета за сите полнолетни лица, државјани на РСМ (лица со и над 18 годишна возраст), кои со било која НЛБ Visa кредитна картичка (Visa Classic или Visa Gold) ќе направат безготовински трансакции во земјата или странство (во продажна мрежа на ПОС терминал или електронска трговија) на износ од најмалку 300 мкд за време на промотивниот период од 01.09.2022 до 15.10.2022 година. На денот на извлекување на наградата ќе немаат достасани, а неподмирени обврски постари од 30 дена кон Организаторот, кои произлегуваат од користењето на Visa кредитните картички (Visa Classic и Visa Gold).

Сите полнолетни лица кои ќе направат една ПОС или е-commerce трансакција со НЛБ Visa (Visa Classic и Visa Gold) кредитна картичка од минимум 300 мкд во периодот од 01.09.2022 до 15.10.2022 година, автоматски се квалификуваат за учество во наградната игра.

Еден учесник во наградната игра не може да добие повеќе од една неделна награда или повеќе од една дневна награда. Учесниците кои добиле дневна награда не може да учествуваат во излекувањата на неделна награда. Учесниците кои добиле неделна награда не учествуваат во извлекувањето на дневна награда. Сите учесници учествуваат во извлекувањето за главната награда.

Член 7: МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Квалификуван учесник во наградната игра е секое лице со право на учество во наградната игра кое во периодот во кој се одвива наградната игра, ќе направи најмалку една трансакција со НЛБ Visa (Visa Classic и Visa Gold) кредитните картички на износ еднаков или поголем од 300 МКД, на ПОС терминал или Е-трговија, во понатамошниот текст квалификувана трансакција.
Учесникот во наградната игра кој има направено најмалку една квалификувана трансакција во периодот назначен како период на наградната игра има право да добие само една награда (дневна или неделна), како и право на учество во извлекувањето за главната награда. Повеќе квалификувани трансакции значат повеќе можности за награда.

Во наградната игра не се вклучени исплати на готовина од банкомат или банкарски шалтери.

Банката во периодот на наградната игра ќе генерира извештаи со потребните информации кои го потврдуваат статусот на клиентот и дали истиот е квалификуван да учествува во наградната игра.

Член 8: НАГРАДИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ги нуди следните награди:

Дневни награди:Тип на награда Количина Единечна цeнa МКД Вкупно МКД
Фудбалски топки 60 7.432 445.920

Неделни награди:Тип на награда Количина Единечна цeнa МКД Вкупно МКД
Спортски сет 12 14.461 173.532
(торба, термос, топка, капа пешкир)


  Главна награда
: 

Пакет аранжман за двајца на 2 полуфинални натпревари на Светското првенство, Катар 
  Количина Единечна цена МКД Вкупно МКД
Пакет патување за две лица од 11-15.12.2022 (Хотелско сместување, трансфер од/до аеродром) 2 1.081.566 2.163.132
Повратни авионски билети за две лица 2 131.869 263.738
Буџет на Visa картичка за добитникот 2 61.150 122.300
ВКУПНО     2.549.170


 Количините на наградите од Наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се претходно определени. Вкупниот број на награди со главната награда на Visa е 74, а вкупната вредност на наградниот фонд е е 3.168.622 МКД.

Член 9: ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите се врши секој работен ден во периодот од 02.09.2022 година до 17.10.2022 година. Во текот на наградната игра ќе се доделуваат еден тип дневни награди, еден тип неделни награди и еден тип главна награда.

ДНЕВНА НАГРАДА

Секој ден, почнувајќи од 02.09.2022 до 17.10.2022 година ќе се извлекуваат по 2 добитници на дневна награда – фудбалска топка.

Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 01.09.2022 од 00:00 часот, до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето.

Во првото извлекување на 02.09.2022 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 01.09.2022 од 00:00 часот до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето. Во секое следно извлекување на дневни награди ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 01.09.2022 година од 00:00 часот до 23:59 часот, претходниот ден од денот на извлекувањето, а ќе бидат исклучени добитниците на дневна и неделна награда. За извлекувањето на 17.10.2022 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од почетокот на играта од 01.09.2022 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 15.10.2022 година.

Последното извлекување на дневна награда е на 17.10.2022 година.

Дневните извлекувања ќе се одвиваат секој работен ден во 13:00 часот.

НЕДЕЛНА НАГРАДА
Секоја среда, почнувајќи од 07.09.2022 до 17.10.2022 година ќе се извлекува по 2 добитници на неделна награда - спортски сет. Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 01.09.2022 година од 00:00 часот, до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето. Во првото извлекување на 07.09.2022 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 01.09.2022 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 06.09.2022 година. Во извлекувањата на неделни награди кои ќе се одржат на 07.09.2022, 14.09.2022, 21.09.2022, 28.09.2022, 05.10.2022, 12.10.2022 ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 01.09.2022 година од 00:00 часот до 23:59 часот претходниот ден од денот на извлекувањето. Во извлекувањата на неделните награди ќе бидат исклучени добитниците кои веќе освоиле дневна или неделна награда во наградната игра.

Неделните извлекувања ќе се одвиваат секоја среда во 13:00 часот.

ГЛАВНА НАГРАДА

Извлекувањето за главната награда ќе биде на 17.10.2022 година. Во извлекувањето за главната награда ќе учествуваат сите квалификувани учесници од почетокот на наградната игра од 01.09.2022 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 15.10.2022 година. Во извлекувањето на главната награда ќе учествуваат сите квалификувани учесници, како и добитниците кои веќе освоиле дневна или неделна награда во наградната игра.

Извлекувањето на главната награда ќе биде на 17.10.2022 година во 13 часот.

На денот на извлекување на главната награда, покрај двајца главни добитници, ќе бидат извлечени дополнителни 4 резервни добитници. Во случај некој од добитниците на главна награда да не може да ја искористи наградата, истата ќе се додели на првиот извлечен резервен добитник.

ДОБИТНИЦИ:

ДОБИТНИКОТ НА ЕДНА ДНЕВНА НАГРАДА не учествува во следните дневни и неделни извлекувања и не може да добие друга дневна или неделна награда, но учествува во извлекувањето на главната награда.

ДОБИТНИКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛНА НАГРАДА не учествува во следните дневни и неделни извлекувања и не може да добие друга дневна или неделна награда, но учествува во извлекувањето на главната награда.

Во извлекувањето за ГЛАВНАТА НАГРАДА учествуваат сите квалификувани учесници во периодот на наградната игра.

Извлекувањата на наградите и определување на добитниците ќе се врши електронски, по случаен избор со помош на софтвер во просториите на Дирекцијата на Банката на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје. Извлекувањата на дневните награди ќе се контролира од страна на комисија составена од 3 члена – вработени во Банката преку генерирање на соодветни извештаи во системот на Банката. Извлекувањето на неделните и главните награди ќе се контролира од страна на комисија составена од 3 члена –  двајца вработени во Банката и еден нотар, преку генерирање на соодветни извештаи во системот на Банката.

Член 10: ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Списокот на добитници ќе биде објавуван секој работен ден на веб страницата на Организаторот www.nlb.mk, веднаш по извлекувањето на дневните, неделните награди и главната награда. Добитниците ќе бидат објавени со име и презиме врз основа на претходно слободно дадена изречна  согласност. Доколку добитникот не даде согласност, објавувањето ќе се изврши на начин што ќе се објави прикриен број на кредитната партија која е поврзана со НЛБ Visa кредитната картичка со која добитникот зел учество во наградната игра (на пример 12345ХХХХХХ12).

Наградите може да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: НЛБ Банка АД Скопје — Служба за развој на продукти, управување на односите со клиенти (СRМ) и маркетинг, Ул. Мајка Тереза бр. 1, 1000 Скопје. Рокот за подигнување на наградите е 60 дена од денот на објавувањето на добитниците. По конечна реализација на сите награди престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

Член 11: ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПPABO НА УЧЕСТВО

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра. Учесниците кои се квалификувани имаат право да се откажат од учество во наградната игра со испраќање на писмено известување до Организаторот.

Вработените на Организаторот, како и членовите на нивните потесни семејства немаат право да учествуваат во наградната игра.

Член 12: ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПPEHOC И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА

Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок за секоја награда која поединечно го надминува износот од 5.000,00 денари. Наградите не се пренесуваат ниту се препишуваат на друго лице. Во случај добитникот на главната награда од оправдани причини да не може да ја искористи наградата, наградата ќе се додели на првоизвлечениот резервен добитник. Доколку добитникот на главната награда не е во можност да ја искористи наградата, должен е да го извести Организаторот, најдоцна во рок од 7 дена од денот на известување за добиената награда.

Член 13: КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Со самото исполнување на условите за учество во наградната игра, учесникот во наградната игра ги прифаќа правата и обврските дефинирани со овие Правила и се согласува неговите лични податоци (име и презиме и број на кредитна партија) да бидат обработувани за целите на наградната игра од страна на НЛБ Банка АД Скопје (во понатамошниот тeкст: Контролор). Учесникот има право во секое време да ја повлече согласноста за обработка на личните податоци за целите на наградната игра.

Пристап до личните податоци имаат само овластени лица од страна на НЛБ Банка АД Скопје. Обработката на податоците од страна на НЛБ Банка АД Скопје е со цел полесно да се реализира и обработи секој учесник индивидуално во наградната игра. НЛБ Банка АД Скопје гарантира и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивна измена, нелегален пристап, неовластено јавно објавување, бришење или уништување.

НЛБ Банка АД Скопје ќе има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетинг активности за промоција на производите и услугите на Банката за што Банката претходно ќе обезбеди писмена и изречна согласност за користење на нивните лични податоци.

Личните податоци на добитниците кои ќе бидат јавно објавени на веб страницата на Организаторот www.nlb.mk , ќе бидат отстранети од веб страницата во рок од 60 дена по завршување на наградната игра.

Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра, согласно закон.Сите учесници во наградната игра за било какви прашања и барања во врска со обработката на личните податоци може да се обратат до Офицерот за заштита на лични податоци преку емаил на dpo@nlb.mk.

Учесникот во наградната игра е известен за сите информации согласно Законот за заштита на личните податоци во моментот на собирањето на личните податоци и е запознаен со Политиката за приватност и Принципите и начинот на обработка на личните податоци во согласност со Законот за заштита на лични податоци на НЛБ Банка АД Скопје, објавени на веб страната на Организаторот.

Член 14: ПPABO НА ПРИГОВОР

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра, кој е должен вo рок од 3 (три) работни дена писмено да одговори на добиениот приговор.

Член 15: OТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Организаторот има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со поднесување на образложено барање и по добивање на одобрение од Министерството за финасии и да ја извести јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.

Член 16: OTCTPAHУBAЊE НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА

Во случај на спор помегу Организаторот и учесниците истиот ќе се решава спогодбено преку медијација или на друг мирен начин, а во случај кога тоа не е можно ќе решава надлежен суд во Скопје.

Член 17: ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА

Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии, Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб сајтот на Организаторот www.nIb.mk и делумно објавени на рекламниот материјал наменет эа промовирање на наградната игра.

Член 18: ПРОМОЦИЈА НА НАГРАДНАТА ИГРА

За промоција на Наградната игра ќе бидат користени следниве канали на комуникација:

  1. ТВ реклама,
  2. Радио реклама,
  3. Рекламни објави на Facebook и Инстаграм профилот на организаторот,
  4. Интерактивни банери на веб страници,
  5. Брошури и постери во експозитурите,
  6. Директна комуникација со клиентите,
  7. Outdoor,
  8. Продажни промоции

Член 19: ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие Правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградите.

 

 

НЛБ Банка АД Скопје

Листа на добитници

Име и презимеДатум на извлекувањеТип на награда
 Ацо Танески 2.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
 35642ХХХХХХ61 2.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
 Александра Шујица Митровска 5.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
 Васко Сиваков 5.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
 Оља Зечевиќ 6.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
35642ХХХХХХ60 6.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Марко Кутревски 7.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Игор Василов 7.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Игор Славковски. 7.9.2022 Неделна награда- спортски сет
Дејан Блажевски 7.9.2022 Неделна награда- спортски сет
Тони Коцевски 9.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Дејан Велкоски 9.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Михаил Манев 12.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Евдокија Јанкуловска 12.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Дафина Самарџиоска 13.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Саше Јаневски 13.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Звонко Димовски 14.09.2022 Дневна награда- фудбалска топка
З3564ХХХХХХ96 14.09.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Катерина Јакимова Димитров 14.09.2022 Неделна награда- спортски сет
Македонка Костеска Ивановска 14.09.2022 Неделна награда- спортски сет
35642ХХХХХХ35 16.09.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Владо Каскаровски 16.09.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Ненад Јованоски 19.09.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Светлана Видинова 19.09.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Зирајет Ислами 20.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Александра Стевков 20.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Дејан Стаменковски 21.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
00642XXXXXX87 21.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Анита Филиповска 21.9.2022 Неделна награда- спортски сет
Билјана Мантароска 21.9.2022 Неделна награда- спортски сет
Владо Трајаноски 22.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Жарко Петров 22.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Петар Неделковски 23.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Виолета Симоновски 23.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Стево Трипуноски 26.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Марко Анреевски 26.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Марјан Самандов 27.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Виолета Кузмановиќ Ѓуроска 27.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Елена Димовска 28.9.2022 Неделна награда- спортски сет
35644XXXXXX71 28.9.2022 Неделна награда- спортски сет
Спасе Панџак 28.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
35642XXXXXX27 28.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Вилма Кимовска 29.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
Верица Мандак 29.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
35642XXXXXX93 30.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка
35642XXXXXX63 30.9.2022 Дневна награда- фудбалска топка