Маstercard Light Contactless

Mastercard Light Contactless е кредитна картичка наменета за младата популација, која нуди можност за плаќање на трошоците на 6 рати.

НЛБ Банка во периодот од 01.11.2019 година до 31.12.2019 година спроведува промотивна кампања за сите НЛБ Кредитни картички за физички лица (Visa Classic, Visa Gold, MasterCard Standard, MasterCard HaPPy, MаsterCаrd Light и MasterCard Gold).

Во рамките на кампањата за секоја безготовинска трансакција со НЛБ Кредитните картички до 31 – ви декември, клиентите ќе добијат намалена промотивна каматна стапка од 5%. Намалената каматна стапка за овие трансакции ќе се пресметува до крајот на март следната година. 

   

Карактеристики

  • Mastercard Light Contactless е кредитна картичка со која можете да плаќате на 6 рати без разлика дали трансакцијата е направена во продажна мрежа или при подигање на банкомат во земјата или странство
  • Може да се користи во земјата и во странство, за плаќање во продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard
  • Бескаматен грејс период до 45 дена
  • Можност за бесплатна достава на месечниот извод на е-маил
  • Можност за плаќање на обврските со траен налог или НЛБ Клик - електронско банкарство и НЛБ мКлик - мобилно банкарство
  • Можност за плаќање на рати без камата на продажни места со кои Банката има склучено договор
  • Без провизија за плаќање во продажна мрежа во земјата и во странство
  • Без провизија за проверка на состојбата преку интернет
  • Дневен лимит за подигање на готовина на банкомат: до 100.000 мкд
  • Дневен лимит за безготовински ПОС трансакции: до 100.000 мкд

   

Како да плаќате бесконтактно?

Што да направите во случај да ја изгубите картичката или во случај на кражба?

Доколку утврдите дека Ви ја нема платежната картичка:

  • Можете да направите промена на лимитите на Вашите картички преку НЛБ мКлик апликацијата, односно да ги сетирате на 0 МКД лимитите за подигање на готовина на банкомати, плаќање на ПОС терминали и интернет плаќања.

  • Можете веднаш да ја блокирате на телефонскиот број 02/15-600 кој функционира 24/7, со што ќе се заштитите од можни злоупотреби.
  • Можете да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка каде ќе добиете дополнителни информации.

  

Каматна стапка

  • Активна каматна стапка до лимит: 10,25% (референтна стапка на благајнички записи зголемена за 8 процентни поени)

 

Членарина

  • 1299 мкд на основната картичка (700 мкд за дополнителна картичка)
  • Ослободување од членарина во зависност од годишниот промет направен со картичката (минимум 50.000 мкд за приматели на плата)

 

 Трошок за апликација: 300 МКД