Mastercard Standard Contactless

Mastercard Standard Contactless е кредитна картичка која Ви нуди можност за плаќање на 6, 12 и 24 рати.

НЛБ Банка во периодот од 01.11.2019 година до 31.12.2019 година спроведува промотивна кампања за сите НЛБ Кредитни картички за физички лица (Visa Classic, Visa Gold, MasterCard Standard, MasterCard HaPPy, MаsterCаrd Light и MasterCard Gold).

Во рамките на кампањата за секоја безготовинска трансакција со НЛБ Кредитните картички до 31 – ви декември, клиентите ќе добијат намалена промотивна каматна стапка од 5%. Намалената каматна стапка за овие трансакции ќе се пресметува до крајот на март следната година. 

   

Карактеристики

  • Mastercard Standard Contactless е кредитна картичка со одреден лимит зависно Вашата кредитоспособност, наменета за клиенти со редовни месечни приходи
  • Единствена картичка која овозможува плаќање на 6, 12 или 24 рати во зависност од износот:
    • За износи од 3.000 до 12.000 МКД на 6 рати
    • За износи од 12.000 до 24.000 МКД на 12 рати
    • За износи над 24.000 МКД на 24 рати
  • Може да се користи во земјата и во странство, за плаќање во продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard
  • Бескаматен грејс период до 45 дена
  • Подигнување на готовина од банкоматите на НЛБ Банка со можност за отплата на рати и избор на број на рати (2,3,4,5,6,9 или 12 рати)
  • Можност за бесплатна достава на месечниот извод на е-маил
  • Можност за плаќање на обврските со траен налог или НЛБ Клик - електронското банкарство и НЛБ мКлик - мобилнато банкарство
  • Можност за плаќање на рати без камата на продажни места со кои Банката има склучено договор
  • Без провизија за плаќање во продажна мрежа во земјата и во странство
  • Дневен лимит за подигање на готовина на банкомат: до 100.000 мкд
  • Дневен лимит за безготовински ПОС трансакции: до 100.000 мкд

Како да плаќате бесконтактно?

Што да направите во случај да ја изгубите картичката или во случај на кражба?

Доколку утврдите дека Ви ја нема платежната картичка:

  • Можете да направите промена на лимитите на Вашите картички преку НЛБ мКлик апликацијата, односно да ги сетирате на 0 МКД лимитите за подигање на готовина на банкомати, плаќање на ПОС терминали и интернет плаќања.

  • Можете веднаш да ја блокирате на телефонскиот број 02/15-600 кој функционира 24/7, со што ќе се заштитите од можни злоупотреби.
  • Можете да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка каде ќе добиете дополнителни информации.

  

Каматни стапки

  • Активна каматна стапка до лимит: 10,25%  (референтна стапка на благајнички записи зголемена за 8 процентни поени)

Членарина

 За приматели на плата / пензија во НЛБ Банка: 

  • Без членарина за првата година
  • 900 мкд за следната година за користење на основната картичка (300 мкд за дополнителна картичка)
  • Ослободување од членарина во зависност од годишниот промет направен со картичката (минимум 80.000 мкд за приматели на плата / минимум 20.000 мкд за приматели на пензија)

За неприматели на плата / пензија во НЛБ Банка:

  • 1500 мкд  за првата година на користење на основната картичка (300 мкд за дополнителна картичка)
  • Ослободување од членарина во зависност од годишниот промет направен со картичката (минимум 80.000 мкд за вработени / минимум 20.000 мкд за пензионери)

 

Трошок за апликација: 300 МКД