Купи куќа, купи стан 

НЛБ Субвенциониран станбен кредит.

Максимален износ

Во зависност од кредитоспособноста на барателот и обезбедувањето кое ќе биде понудено
До 50.000 ЕУР (субвенционирањето се однесува за износ на кредит до 50.000 ЕУР од Министерство за финансии)

Рок на отплата

Од 20 до 30 години (или до 74 години старост до рок на отплата)

Варијанти

За купување на нов стан:

  • 50% од месечниот ануитет во првите пет години од неговата отплата или 50% од учеството кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит т.е. не повеќе од 6.250 ЕУР во денарска противвредност
  • За физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години: 70% од месечниот ануитет во првите пет години од неговата отплата или 70% од учеството кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит т.е. не повеќе од 8.750 ЕУР во денарска противвредност

За изградба/купување на нова куќа:

  • 80% од месечниот ануитет во првите пет години од неговата отплата или 80% од учеството кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит т.е. не повеќе од 10.000 ЕУР во денарска противвредност
  • За физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години: 60% од месечниот ануитет во првите три години, 50% од месечниот ануитет во следните пет години и 40% во следните три години од неговата отплата или 100% од учеството кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, односно не повеќе од 12.500 ЕУР во денарска противвредност

За изградба на надградба/доградба на посебна станбена единица во рамки на постоечка куќа:

  • 75% од месечниот ануитет во првите пет години од неговата отплата или 75% од учеството кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит т.е. не повеќе од 9.375 ЕУР во денарска противвредност
  • За физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години: 50% од месечниот ануитет во првите три години, 40% од месечниот ануитет во следните пет години и 30% во следните три години од неговата отплата или 100% од учеството кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, односно не повеќе од 12.500 ЕУР во денарска противвредност

Годишна каматна стапка

I опција - субвенционирање на дел од месечниот ануитет:
2,90% годишна каматна стапка,фиксна за првите три години,
3,90% годишна камата, фиксна за четвртата и петтата година
Варијабилна каматна стапка за остатокот од периодот: не повеќе од варијабилната каматна стапка која важи за станбените кредити на НЛБ Банка во моментот на одобрување.

 

II опција - субвенционирање на учеството за станот / куќата:
Шестмесечен ЕУРИБОР + 4 процентни поени на годишно ниво, за цело времетраење на отплата на кредитот

Каматна стапка согласно Уредба за примена на Законот за облигационите односи за време на вонредна состојба
3,525 процентни поени + 6м Еурибор*

(Прилагодувањето на номиналната каматна стапка се врши на шестмесечна основа и тоа на 1 јануари и 1 јули секоја година
согласно стапката на шестмесечен ЕУРИБОР важечка на последниот ден од претходното шестомесечие (31.12 односно 30.06)

Возраст

До 74 години старост (до рок на отплата)

Кокредитобаратели


Доколку кредитобарателот е во брак, задолжително е сопружникот да биде ко-кредитобарател.

Учество

Минимум 15% од купопродажната вредност на недвижноста.
Процентот на учеството е во зависност од договорот со градежната фирма и Банката.

Услов

- редовно вработување;

- исполнет услов за кредитоспособност

Обезбедување

- Хипотека на недвижен имот (1,4:1 до 3:1)
- Административна забрана
- Меница од барателот (ко-кредитобарателот/те)

Градежни компании со кои Банката има соработка
Придобивки

Бесплатна Visa Classic или MasterCard Standard кредитна картичка
Бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун

**Освен од наведените компании, Банката нуди можност за одобрување на кредити за купување на недвижност од сите градежни компании.
*** Банката нуди можност за кредитирање на купопродажба на недвижност во градба
*****Каматната стапка е варијабилна, пресметана како збир од 6 (шестмесечен) ЕУРИБОР и фиксен додаток на годишно ниво. Официјални извори за објава на ЕУРИБОР стапките се European Monney Market Institute(EMMI), Globar Rate Set Systems LTD(GRSS), Thomson Reuters и останати овластени обезбедувачи на услуги од EMMI. Доколку стапката на  Еурибор има вредност под нула, ќе се смета дека изнесува нула. Усогласувањето на каматната стапка ќе се врши на шестмесечна основа и тоа на 1 јануари и на 1 јули секоја година согласно стапката на 6 (шестмесечниот) ЕУРИБОР кој што е важечки на последниот ден од претходното полугодие (31.12, односно 30.06). 

****** I опција - субвенционирање на дел од месечниот ануитет: 4.08% СВТ за износ на кредит од 50.000 ЕУР, каматна стапка: шестмесечен ЕУРИБОР + 4 процентни поени на годишно ниво, за цело времетраење на отплата на кредитот: : 4,46% (4,5% + (-0,042)) - 6-месечен ЕУРИБОР на 31.12.2015), рок на отплата 360 месеци и трошок за апликација од 500 МКД i трошок за проценка 0 МКД 

******* II опција - субвенционирање на учеството за станот / куќата: 3.85% СВТ за износ на кредит од 50.000 ЕУР, каматна стапка 2,9% за првите три години и 3,9%, за наредните две години% и 4% за остатокот од периодот, рок на отплата 360 месеци, манипулативен трошок 0 МКД, трошок за апликација од 500 МКД и  трошок за проценка 0 МКД.

 

Трошоци

Манипулативен трошок:

  • 1% од износот на кредитот за приматели на плата во НЛБ Банка 1,5% од износот на кредитот за неприматели на плата во НЛБ Банка 

Трошок за апликација: 500 МКД 

Трошок за проценка:

  • 2.000,00 МКД , кој се наплаќа единствено доколку кредитот е одобрен 

Потребни документи

Апликација за Станбен кредит