Наградна игра со НЛБ Mastercard картичките

Со НЛБ Mastercard картичките повеќе за Вас!


Плаќајте со НЛБ Mastercard картичките и добијте можност да освоите приватно здравствено осигурување!

Со секоја безготовинска трансакција на ПОС терминал или e-commerce во земјата и странство на било кој износ, учествувате во наградната игра.

Наградната игра трае од 20.5.2021 до 30.6.2021 година, а право на учество имаат сите нови и постојни корисници на НЛБ Mastercard дебитните и кредитните картички за физички лица.

Секој ден ќе се извлекуваат по три дневни награди, а добитниците ќе бидат објавувани на веб страницата на Банката: www.nlb.mk
 
Приватно здравствено осигурување е осигурителен продукт во соработка со Сава осигурување. Овој продукт Ви овозможува користење на бесплатни здравствени услуги во областа на дијагностика, лекување и операции во приватни здравствени установи.

За времетраење на наградната игра сите апликации за НЛБ Mastercard кредитните картички (Mastercard Standard, Mastercard Gold, Mastercard Light) ссе одобруваат без членарина за првата година на користење.

Правила на наградна игра

Член 1: ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра „Затоа што сигурноста е најважна!“ (во понатамошниот текст „Наградна игра“) е НЛБ Банка АД Скопје, со седиште на ул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: „Организатор“) во согласност со овие официјални правила на Наградната игра (во натамошниот текст: „Официјални правила“).

Член 2: ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „Затоа што сигурноста е најважна!“. Наградната игра е наменета за физички лица кои во периодот на наградната игра ќе направат барем една безготовинска трансакција со НЛБ Mastercard дебитна или кредитна картичка.

Член 3: ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се приредува на територијата на Република Северна Македонија.

 Член 4: ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ќе започне од 20.05.2021 и ќе трае до 30.06.2021 година.

Член 5: ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на MasterCard дебитните и кредитни картички за физички лица.

Член 6: ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право за учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица - државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 годишна возраст), иматели на НЛБ Mastercard дебитна или кредитна картичка, кои ќе направат барем една безготовинска трансакција со картичките во периодот во кој ќе се одвива наградната игра.

Еден учесник во наградната игра не може да добие повеќе од една дневна награда.

Член 7: УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Квалификуван учесник во наградната игра е секое лице со право на учество во наградната игра кое во периодот во кој ќе се одвива наградната игра, ќе направи барем една безготовинска трансакција со НЛБ Mastercard дебитна или кредитна картичка.

Банката во периодот на наградната игра ќе генерира извештаи со потребните информации кои го потврдуваат статусот на клиентот и дали истиот е квалификуван да учествува во наградната игра.

  

Член 8: НАГРАДИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ги нуди следните награди:

Тип на награда

Вкупно награди во интервал

Вкупна Количина

Вредност на 1 осигурување

Вкупно

Приватно здравствено осигурување

3 дневно

126

6.500 МКД

819.000 МКД

 

Количините на наградите од Наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се претходно определени. Вкупниот број на награди е 126, а вкупната вредност на наградниот фонд е 819.000 МКД со вклучен ДДВ.

Член 9: ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите ќе се врши секој ден во периодот од 21.05.2021 до 1.07.2021.

Во текот на наградната игра ќе се доделуваат само еден тип на дневни награди:

ДНЕВНА НАГРАДА

Секој работен и неработен ден, почнувајќи од 21.05.2021 до 1.07.2021 година ќе се извлекуваат по 3 добитници на дневни награди – приватно здравствено осигурување.

Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 20.5.2021 од 00:00 часот до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето.

Во првото извлекување на 21.05.2021 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 20.05.2021 од 00:00 часот до 23:59 часот на 20.05.2021 година. Во секое следно извлекување на дневни награди ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 20.05.2021 година од 00:00 часот до 23:59 часот претходниот ден од денот на извлекувањето, а ќе бидат исклучени добитниците кои веќе освоиле дневна награда.

Дневните извлекувања ќе се одвиваат секој работен ден во 14:00 часот

Добитникот на една дневна награда:

Не учествува во следните дневни извлекувања и не може да добие друга дневна награда.

Член 10: ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Списокот на добитници ќе биде објавуван секој работен ден на веб страната на Организаторот www.nlb.mk.  Добитниците на наградите се должни во рок од 60 дена од денот на објавување на добитниците на веб страната на Организаторот www. nlb.mk да ги подигнат наградите. Наградите може да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: НЛБ Банка АД Скопје – Служба за развој на продукти, управување на односите со клиентите (CRM) и маркетинг, Ул. Мајка Тереза бр. 1, 1000 Скопје. По доделување на сите награди престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

Член 11: ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

Вработените кај Организаторот како и членовите на нивните потесни семејства немаат право да учествуваат во наградната игра.

Член 12: ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и данок на личен доход за секоја награда која поединечно го надминува износот од 5,000.00 денари.

Наградите не се пренесуваат ниту се препишуваат пред претходно доделување на истите.

Член 13: КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Организаторот има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетинг активности по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.

Доколку добитникот не сака неговите лични податоци да бидат искористени за горенаведените активности, може да прати допис до Организаторот, врз основа на кој неговите/нејзините лични податоци ќе се исклучат од понатамошно користење во такви цели.

Член 14: ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра, кој е должен во рок од 3 (три) работни дена писмено да одговори на добиениот приговор.

Член 15: ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Организаторот има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со поднесување на образложено барање и по добивање на одобрение од Министерството за финасии и да ја извести јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.

Член 16: ОТСTРАНУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците истиот ќе се решава спогодбено преку медијација или на друг мирен начин, а во случај кога тоа не е можно ќе решава стварно надлежен суд во Скопје.

Член 17: ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии, Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб сајтот на Организаторот www.nlb.mk и делумно објавени на рекламниот материјал наменет за промовирање на наградната игра.

Член 18: ПРОМОЦИЈА НА НАГРАДНАТА ИГРА
За промоција на Наградната игра ќе бидат користени следниве канали на комуникација:

  1. ТВ реклама
  2. Рекламни објави на Facebook и Инстаграм профилот на организаторот
  3. Интерактивни банери на веб страници
  4. Брошури и постери во експозитурите
  5. Рекламни пораки на веб сајтот на НЛБ Банка АД Скопје www.nlb.mk
  6. Пораки до корисниците на мобилно банкарство и смс пораки до клиентите на Банката

Член 19: ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие Правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградите

 

Листа на добитници

Име и презимеГрадДатум на извлекувањеТип на награда
Јован Јаулевски Струга 21.05.2021 Приватно здравствено осигурување
Стефан Христовски Скопје 21.05.2021 Приватно здравствено осигурување
Бојана Јанева Свети Николе 21.05.2021 Приватно здравствено осигурување
Зорица Лешевска Гевгелија 22.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Леарт Таравари Гостивар 22.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Станка Стојановиќ Гевгелија 22.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Мира Јовашевич Скопје 23.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Соња Пановска Скопје 23.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Ивана Мичинакова Манев Скопје 23.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Кристина Манева Штип 24.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Сања Марковска Скопје 24.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Ѓоко Фидановски Скопје 24.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Роберт Богатинов Кочани 25.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Евзаљ Амети Скопје 25.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Љубе Стојановски Скопје 25.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Јована Андонова Кочани 26.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Маргарита Николау Скопје 26.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Олгица Лазаревска Скопје 26.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Душан Бугарски Скопје 27.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Ѓоко Ѓорчески Скопје 27.5.2021 Приватно здравствено осигурување 
Никола Ристов Радовиш 27.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Клаудија Трајановска Свети Николе 28.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Невенка Лабан -Гучева Скопје 28.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Александра Прошева Гевгелија 28.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Ангела Трпоска Попоска Струга 29.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Елена Трајковска Битовска Скопје 29.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Сара Петрова Кавадарци 29.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Јени Елеонора Живковиќ Скопје 30.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Александар Димитријевиќ Скопје 30.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Даниела Богатинова Скопје 30.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Марко Михајловски Куманово 31.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Даниел Лазаревски Куманово 31.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Васка Атанасовска Скопје 31.5.2021 Приватно здравствено осигурување
Александар Стојановски Скопје 1.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Јордан Јованов Скопје 1.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Марина Пусоска Скопје 1.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Марјан Атанасов Струмица 2.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Слободан Стојковиќ Куманово 2.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Георги Бајрактаров Струмица 2.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Аце Николовски Скопје 3.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Зоран Саздовски Скопје 3.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Тане Илијевски Скопје 3.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Ѓорѓи Мајсторов Скопје 4.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Накип Бачевац Скопје 4.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Рената Бурева Ѓурова Штип 4.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Наум Весковски Скопје 5.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Мартина Јованоска Прилеп 5.6.2021 Приватно здравствено осигурување

Милорад Васев

Скопје

5.6.2021

Приватно здравствено осигурување

Душан Јованов

Неготино

6.6.2021

Приватно здравствено осигурување

Фима Новаковска

Гевгелија

6.6.2021

Приватно здравствено осигурување

Даниела Алексовска Скопје 6.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Јордан Цаневски Скопје 7.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Пандо Григоровски Скопје 7.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Љиљана Соларова Скопје 7.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Александар Конески  Кавадарци 8.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Марија Богевска Охрид 8.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Симона Самарџиева Скопје 8.6.2021 Приватно здравствено осигурување

Наташа Неделковска 

Скопје 9.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Љуба Јовановска Скопје 9.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Мирослав Блажески Скопје 9.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Татјана Стојковска  Битола 10.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Александар Циндриќ Битола 10.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Верица Василевска Скопје 10.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Љубомир Томовски Скопје 11.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Дарко Петровски Скопје 11.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Вера Талева Скопје 11.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Веле Долински Струга 12.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Зоран Мирковски Скопје 12.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Ирена Башовска Скопје 12.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Весна Цивировска Скопје 13.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Блаже Тодоров Кавадарци 13.6.2021 Приватно здравствено осигурување
Виолета Кузева Скопје 13.6.2021 Приватно здравствено осигурување