Корупција претставува било каква злоупотреба на положбата за приватни цели. Ова вклучува добивање финансиска, како и нефинансиска корист за себе или за некој друг. Примери на корупција се изнуда, мито,измама и други форми на измама, непотизам, олеснувачки плаќања Коруптивно однесување е секое прекршување на соодветното однесување со цел да се добие корист за себе или за некој друг, вклучувајќи го однесувањето на лицата кои се иницијатори за прекршувањето или лицата кои може да се здобијат со корист со прекршувањето, поради директно или индиректно ветена, понудена или дадена, односно побарана, примена или очекувана корист за себе или за друго лице
Корупцијата во сите нејзини форми е строго забранета во НЛБ Банка и НЛБ Групацијата, забранета употреба на какви било средства за какви било незаконски цели или цели што не се во согласност со антикорупциските правила регулирани со интерната политика на Банката.
Донациите и спонзорствата се дозволени, доколку ги изразуваат или поддржуваат вредностите на НЛБ Групацијата и се во согласност со внатрешните политики на НЛБ Групацијата
Во таа смисла, Договор за спонзорство или донација e ништовен ако барателот на спонзорството/донацијата понуди или даде некаква недозволена корист за:
- добивање на зделка или
- склучување на зделка по поповолни услови или
- за невршење на надзорот над спроведувањето на договорните обврски, којшто е должна да го врши Банката или
- за друго однесување или недејствување со кое на орган на Банката или на НЛБ Банка ќе им биде предизвикана штета или ќе му се овозможи добивање на недозволена корист на претставник на НЛБ Банка, член на орган на НЛБ Банка, вработен или на НЛБ Банка како институција или нејзин претставник, застапник, посредник.
Барателот на спонзорство/донација се обврзува да спроведе антикорупциски мерки и во однос на неговите добавувачи или трети лица, доколку таквите односи можат да влијаат врз спроведувањето на договорот за спонзорство.днација и се согласува дека нема да има толеранција за било каков вид на корупција.
СПРЕЧУВАЊЕ НА СУДИР НА ИНТЕРЕСИ
Судир на интереси на ниво на НЛБ Банка АД Скопје е ситуација во која постои или може да има закана за интересот на НЛБ Банка АД Скопје како што е утврдено со усвоените цели, стратегии и политики на НЛБ Банка АД Скопје.
Барателот на средствата потврдува дека пред склучувањето на договор за спонзорство или донација, на НЛБ Банка ќе ѝ ги обелодени сите околности кои би можеле да претставуваат судир на интереси и дека со согласност на НЛБ Банка презел мерки за нивно контролирање.
Барателот на средствата потврдува дека од негова страна не постои никаков реален или потенцијален судир на интереси, којшто на кој било начин би влијаел или би ја ограничувал објективноста при одлучувањето за доделувањето на спонзорските средства од страна на НЛБ Банка (на пр. лица, поврзани со НЛБ Банка).
Барателот на средствата се обврзува дека на НЛБ Банка ќе ѝ ја обелодени секоја околност поради која постои или може да настане судир меѓу неговите интереси или интересите на лицата поврзани со него и интересите на НЛБ Банка.
Во случај ако фактички настапат околности на судир на интереси, чие постоење на договорните страни во моментот на потпишувањето на договорот за спонзорство и донација не им бил познат или тие околности настанале по потпишувањето на договорот или тие околности се фактички обелоденети при поднесувањето на барањето за средства, барателот на средства се обрвзува да престане со активностите кои претставуваат судир на интереси, односно е должен во договор со НЛБ Банка да спроведе соодветни мерки за да го спречи, односно контролира судирот на интереси.Во таков случа, барателот на средствата се обврзува веднаш, а најдоцна во рок од три работни дена по настанувањето на околностите, писмено да ја извести НЛБ Банка за настанувањето на тие околности. На барање на НЛБ Банка барателот на средствата најдоцна во рок од три работни дена по добивањето на барањето се обврзува да ја достави целата документација од која може да се утврди судирот на интереси.