Деловен објект Деловен објект - фабрика за месо и опрема



Основни податоци

Имотен листИЛ 811, ИЛ 45294 КО Трубарево
ТипДеловен објект
ГрадСкопје
Површина на недвижност11.159 m2
НаменаПродажба
Метод на продажбаВо сопственост
Цена262.189.084 МКД


Комплексот-фабрика за месна индустрија Мега Скопје е лоциран на ул.2 број 16А и се наоѓа во индустрискиот дел на с.Трубарево во околината на Скопје, лоциран на КП 136. Недвижноста се наоѓа на 500м од регионалниот пат Скопје - Петровец и 1500м до автопатот Скопје - Велес. Во непосредна близина на фабриката се училиште, останати индустриски објекти, продавници, црква, семејни куќи.

Недвижноста е составена од административно-управна зграда на приземје и кат каде се сместени гардероби, санитарии со тушеви, перална, канцеларии, кујна и ресторан. Сите наведени објекти во фабричкиот комплекс се поврзани со електрични, водоводни, канализациски инсталации. Дворното место е оградено со метална ограда со две автоматски шибер врати за влез на возила и луѓе. Пред фабриката е паркинг плац за возило и базен за дезинфекција на транспортни возила. Дворното место е хортикултурно уредено. Комплексот има водовод од сопствен бунар, спроведена мрежна компјутерска инсталација, спроведена електрична инсталација преку две трафостаници во комплексот, ПП систем, алармен систем и видео надзор на целиот комплекс.

Фабричкиот комплекс е составен од следниве објекти и тоа:

Зграда 1 - производствен погон по ИЛ 811, КП 136 со површина од 6428м2.

  • Пушници и ходник -Мансарда, дел од зграда бр.1 , ИЛ.бр. 45294 КО Трубарево, со површина од 1459м2.

Зграда 2 - компресорска станица по ИЛ 811, КП 136 со површина од 187м2.

Зграда 3 - машински оддел по ИЛ 811, КП 136 со површина од 198м2.

Зграда 4 - трафостаница по ИЛ 811, КП 136 со површина од 10м2.

Зграда 5 - магацин по ИЛ 811, КП 136 со површина од 955м2.

  • Платформа за утовар и истовар - Магацин за зачин и Адитиви, дел од зграда бр.5, ИЛ.бр. 45294 КО Трубарево, со површина од 86м2.

Зграда 6 - управна зграда-дирекција по ИЛ 811, КП 136 со површина од 1168м2.

Објект бр. 8 - портирница по ИЛ 45294 со површина од 15м2.

Објект бр. 9 - портирница по ИЛ 45294 со површина од 15м2.

Зграда 10 - платформа за утовар и истовар по ИЛ 811, КП 136 со површина од 638 м2.

Моменталната продажна цена на имотот изнесува 220.552.887,00 мкд.

Комплексот располага со комплетна опрема и машини за производство и преработка на сувомеснати производи. Во целината за продажба на имотот е вклучена и продажба на опрема и машини и тоа:

- Машини и опрема по спецификација со моментална продажна цена од 40.950.464,00 мкд

- Друг подвижен имот со моментална продажна цена од 685.733,00 мкд

Моменталната вкупна продажна цена на имотот заедно со опремата и подвижниот имот изнесува 262.189.084,00 мкд

 



Print








Служба за наплата на проблематични пласмани и управување со преземен имот


02/5100-38202/5100-860

02/5100-955 02-5100-832

02/5100-863 02/5100-676

Маил: ProdazbaNaImot@nlb.mk





Испрати