Недвижниот имот се наоѓа на КП 10082/1 во населба Ѓорче Петров - Дексион во близина на рекреативниот центар Сарај, Европската очна болница и Санте Плус болница. Објектот претставува станбена повеќекатница во урбанизирана населба во поширокото подрачје на градот, комунално, инфраструктурно, партерно и хортикултурно опремена. Обезбеден е пристап со возило и паркинг. Во непосредно опкружување има објекти од образование, здравство, трговија, детски градинки и детски игралишта. Станот се наоѓа на приземје кат, со површина од 88м2 + помошни површини од 15м2 + подрум од 10м2, со армирано бетонска асеизмичка конструкција. Станот е приклучен на централна дистрибуција на парна топлина.
Втора усна јавна продажба ќе се одржи на ден 14.02.2019 година во 10:00 часот во просториите на Извршител Снежана Андреевска на бул.Кузман Јосифовски Питу бр.28/5-11, Скопје (тел.02/2463-026).
Почетната вредност на недвижноста, е утврдена со заклучок на вкупен износ од 53.475,00 ЕУР во денарска противвредност сметано по среден курс на НБРМ на денот на продажбата