Деловниот објект се наоѓа во поширокото подрачје на Скопје, во нецелосно урбанизирана населба Маџари (локалитет Кванташки пазар), сообраќајно поврзан, во близина на градски и регионални сообраќајници. Локалитетот е изграден доминантно со стопански објекти (Индустриска зона со магацини и производни простории), а во поширокото опкружување има неурбанизирана станбена населба. Комунално е елементарно опремен со градската инфраструктура (електрична струја, водовод, канализација, сообраќајници). Објектoт е изведен и функционира како слободностоечки објект во дворно место.
Објектот е современа комбинирана армиранобетонска и челична асеизмичка градба со катност По+П+1+Пк. Средишниот дел е хала - производен погон - печатница, анексот од задната страна на приземјето е магацин а на катот канцеларии со придружни содржини, а анексот од предната страна има подрум со намена гаражи, приземје со намена дел гаражи и дел администрација и кат и подкровје со намена администрација со придружни содржини. Големата просторија - хала била со намена печатница, останатиот дел администрација - канцеларии, санитарии, помошни и придружни содржини.
Вкупната површина на деловните простории, објект 1, влез 1 изнесува 1.699м2:
- Б4, деловни простории, објект 1, влез 1,
- подрум, гаража, кп 2484 со површина 191м2,
- приземје, гаража, кп 2484 со површина 89м2,
- приземје, хала, кп 2484 со површина 1.122м2,
- кат 1, канцеларии, кп 2484 со површина 297м2
- дворно место со површина од 236м2
- земјиште под зграда 1 со површина од 1.343м2
Почетната вредност на недвижноста изнесува 600.855,00 еур.
Контакт телефон 075/328-676 075/455-636