Производствен комплекс Производствен погон



Основни податоци

Имотен листИЛ 1999, ИЛ 19134, ИЛ 1047
ТипПроизводствен комплекс
ГрадГевгелија
НаменаТековни продажби
Метод на продажбаВо извршна и стечајна постапка
Цена34.649.420 МКД


Производствен погон за пакување на кафе и јаткасти плодови. Објектот е во функција, со посебни простории за чување на полупроизводи, дел за печење како и одделни делови за пакување. Во состав на објектот има посебна работилница за поправки и магацин за готови производи. Објектот е изведен со систем на носиви армирано бетонски столбови и метални решеткасти носачи.

Недвижноста деловна просторија, помошна просторија, помошни површини и помошни објекти, со година на градба 1990 запишана во Имотен лист бр.1999, КП 2137, КО Гевгелија е со следниве карактеристики:

- Број на зграда 1, кат 1, ДП со површина од 82м2,

- Број на зграда 1, кат ПО, П со површина од 68м2,

- Број на зграда 1, кат ПР, ПП со површина од 35м2,

- Број на зграда 1, кат ПР, ДП со површина од 650м2,

- Број на зграда 1, кат СУ, ДП со површина од 40м2,

- Број на зграда 1, кат СУ, ПП со површина од   5м2

Проценетата вредност  изнесува 1.577.340,00 денари.

Недвижноста градежно изградено земјиште, земјиште под зграда и вештачки неплодни земјишта запишани во Имотен лист бр.1999, КП 2137, КО Гевгелија со следниве карактеристики:

 - ГИЗ со површина од 854м2,

- ЗПЗ 1 со површина од 777м2,

- ЗПЗ 2 со површина од 469м2,

- ЗПЗ 3 со површина од 33м2

Проценетата вредност изнесува 16.355.850,00 денари

Дел од поголем производствен погон за пакување на кафе и јаткасти плодови. Година на градба 1992, запишана во Имотен лист бр.19134, КП 2137, КО Гевгелија, број на зграда 1, кат ПР со површина од 446м2.

Проценетата вредност изнесува 7.106.180,00 денари

Дел од поголем магацински простор, поставен на поголема локација. Магацинот не е во функција. Година на градба 1987, запишана во Имотен лист 1047, КП 1241 КО Мрзенци со површина од 605м2 и земјиште под зграда од 628м2.

Проценетата вредност изнесува 9.610.050,00 денари.

Почетната вредност на недвижноста изнесува 34.649.420,00 денари, под која недвижноста не може да се продаде на првото јавно наддавање.

Продажбата ќе се одржи на ден 05.06.2019 година во 10:30 часот во просториите на Извршител Данчо Диманчев на ул.Маршал Тито бр.74, од Гевгелија, тел. за контакт 034/211-633.



Print








Служба за наплата на проблематични пласмани и управување со преземен имот


02/5100-38202/5100-860

02/5100-955 02-5100-832

02/5100-863 02/5100-676

Маил: ProdazbaNaImot@nlb.mk





Испрати