Станбено-деловна зграда Станбено – деловна зграда во Тетово



Основни податоци

Имотен лист101554, КО Тетово 2
ТипСтанбено-деловна зграда
ГрадТетово
Површина на недвижност2.642 m2
НаменаПродажба
Метод на продажбаВо сопственост
Цена59.337.168 МКД


Недвижниот имот е дел од станбено - деловна зграда лоцирана во поширокото централно градско подрачје Тетово, лоцирана на пресек на ул. Илинденска и ул. Благоја Тоска која граничи со населбата БЛОК 82. Станбено деловната зграда е со височина од ПО+ПР+7. Изградена на агол на две улици делот од станбено деловната зграда евидентирана како зграда 4 влез 1 има полукружна форма. За изградба е применета армирано бетонска скелетна конструкција, со корисна висина на просториите во зависност од нивната намена, становите се со корисна висина до 2,70 м., деловните простории на приземјето  се со висина над 4 м, деловниот простор на кат 1 е над 3 м., додека помошните простории во подрумот се до 3м. Внатрешни скали се арм. бетонски обработени со мермер,зградата има лифт (во влез 1), обработката на фасадата е изведена како демит фасада.

     

Предметната недвижност опфаќа 33 станови во површина од 1.687 м2, од кои 20 станови во влез 1 и 13 станови во влез 2, деловни простории на приземје и прв кат во зграда 1 во површина од 367 м2, подрумски простории од 178 м2 и помошни простории од 410 м2. Вкупна површина од 2642 м2.

    



Print








Служба за наплата на проблематични пласмани и управување со преземен имот


02/5100-38202/5100-860

02/5100-955 02-5100-832

02/5100-863 02/5100-676

Маил: ProdazbaNaImot@nlb.mk





Испрати