Деловен објект Деловена зграда - фабрика за текстил со земјиште



Основни податоци

Имотен лист564, КП 68, КО Стругово
ТипДеловен објект
Адресам.в. Крагуевски Пат, с.Стругово
ГрадДемир Хисар
Година на изградба1996
Површина на недвижност2.992 m2
Површина на земјиште17.075 m2
НаменаПродажба
Метод на продажбаВо извршна и стечајна постапка
Цена51.608.471 МКД


Деловниот простор се наоѓа во индустриско стопанска зона во с.Стругово на оддалеченост до 1км од центарот на Демир Хисар (КП 68). Околните објекти се стопански и индустриски згради. Поврзаноста со Демир Хисар е преку регионален пат Битола - Демир Хисар. Недвижниот имот има сопствено дворно место кое е оградено, добро уредено и има уреден пристап до јавна површина. Објектот е изграден 1996год. но реновиран во 2016год.

Фабриката за текстил е составена од пет објекти. Во првиот објект има деловни простории канцеларии на приземјето и катот, а останатиот дел е хала. Објектот два е чувара, објектот три е трансформатор, објектот четири е магацински дел и објектот 5 е настрешница.

Функционалните карактеристики се следни:

- Фабриката за производство на текстил, бр.на зграда 1, кат 1 со површина од 278 м2, кат ПР со површина од 2.190 м2, ЗПЗ 1 е со површина од 2273 м2

- Чуварница, број на зграда 2 со површина од 34м2, ЗПЗ 2 е со површина од 45 м2

- Трансформатор, број на зграда 3, кат ПР со површина од 24м2, ЗПЗ 3 е со површина од 29 м2

- Магацински дел, број на зграда 4, кат ПР со површина од 130м2, ЗПЗ 4 е со површина од 147 м2

- Настрешница, број на зграда 5, кат ПР со површина од 336м2, ЗПЗ 5 е со површина од 343 м2

- Дворното место е со површина од 14.238м2.

Моменталната продажна цена на недвижноста изнесува 51.608.471,00 денари.



Print








Служба за наплата на проблематични пласмани и управување со преземен имот


02/5100-38202/5100-860

02/5100-955 02-5100-832

02/5100-863 02/5100-676

Маил: ProdazbaNaImot@nlb.mk





Испрати