НЛБ Банка АД Скопје со признание од најголемото европско бизнис натпреварување

    

  

НЛБ Банка АД Скопје избрана за Национален шампион на Македонија за 2016/2017 година на најголемото европско бизнис натпреварување European Business Awards

   

 

На свечената церемонија на доделувањето на Европските бизнис награди (European Business Awards) која се одржа на 1. Декември во Загреб, Република Хрватска, НЛБ Банка АД Скопје е избрана за Национален шампион на Македонија за 2016/2017 година.

 

Наградите кои се одржуваат десетта година по ред, опфатија рекордни 33.000 бизниси од 34 европски земји, поддржани од бизнис лидерите, академските и политичките претставници од цела Европа. Европските бизнис награди се најголемото европско натпреварување воспоставено со цел да се наградат извонредноста и најдобрите практики во Европската бизнис заедница, а со тоа и да се поддржи развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница низ Европа. Генерален покровител на наградите е RSM Global, 6-тата најголема мрежа на независни ревизори, даночници и консултантски фирми во светот.

  

На свечената церемонија, извршниот директор на European Business Awards, Адриан Трип, изјави: „Им честитам на НЛБ Банка АД Скопје, за изборот за Национален шампион во Македонија. Тие имаат централно значење во успехот на силната европска бизнис заедница и ги покажуваат клучните принципи кои ги бараме од акспет на иновација, етика и успех.”

  

НЛБ Банка АД Скопје е една најуспешните банки и водечки деловни институции во Република Македонија, за што Банката контунуирано добива признанија и награди дома и на меѓународен план. НЛБ банка АД Скопје е осумкратен носител на наградата Банка на годината во Македонија од финансискиот магазин The Banker, а оваа година по втор пат едно по друго ја добива и наградата Национален шампион на Македонија од European Business Awards.

 

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје