Проширена Управата на НЛБ Банка АД Скопје



На 18 Декември 2018 година Гувернерот на Народната Банка на Република Македонија издаде Решение за согласност за именување на г-дин Гинтер Фриедл за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

  

Со именувањето на г-дин Фриедл менаџерскиот тим на Банката дополнително се зајакнува и заедно со г-дин Антонио Аргир (Претседател на Управниот одбор) и г-дин Дамир Кудер (Член на Управниот одбор), истиот сега ќе бори 3 члена.

  

Новиот член на Управата е со 22 годишно меѓународно искутво во истакнати финансики инситуции и ќе биде задолжен за координација на финансиските активности на Банката. На оваа позиција г-дин Фриедл доаѓа од НЛБ д.д. Љубљана, каде во изминатите 9 месеци работеше на функцијата на Регионален менаџер задолжен за Македонија и Косово.