НЛБ Банка АД Скопје склучи договор за субординиран заем со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана

 

НЛБ Банка АД Скопје на 20.12.2018 година склучи договор за субординиран заем со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана во висина од 9 милиони ЕУР на период од 10 години.

 
Субординираниот   заем   се   квалификува   како   дополнителен  Tier   II  капитал   за   Банката   и придонесува за зајакнување на капиталната позиција на Банката.

НЛБ   Банка   АД   Скопје   се   вбројува   меѓу   најпрофитабилните   компании   во   Македонија,   со остварена добивка од 34,6 мил. ЕУР во 2017 година и добивка од 30,2 мил. ЕУР за првите девет месеци од 2018 година. Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана е доминантен сопственик на НЛБ Банка АД Скопје со 86,97% учество во вкупниот број на акции на Банката.

 
НЛБ Банка АД Скопје.