НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички и правни лица  

 

  

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,02 до 1 процентен поен. Исто така намалени се и каматните стапки за депозитите за правни лица во МКД и ЕУР од 0,02 до 0,5 процентни поени. Новите каматни стапки се со важност од 01.09.2019 година. 

 

Воедно, од 01.09.2019 година, од понудата на Банката се повлекуваат депозитите за физички лица во валута: CHF, CAD, SEK, NOK, DKK и JPY.

        

Новите каматни стапки на депозитните продукти за физички и правни лица се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити. 

Кај постојните договори за депозити, важечката каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот.

 

Новите каматни стапки за физички лица се достапни на следниот линк

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на НЛБ Банка или на телефонскиот број 02/15-600.

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје