НЛБ Банка со поддршка во финансирање на првиот приватен ветeрен парк „Богословец“

 

  

НЛБ Банка АД Скопје, како дел од својата стратегија за поддршка на инвестиции во обновливи извори на енергија и одржлив развој, е една од банките учеснички во синдицираниот заем за финансирање на првиот приватен проект за ветерници во Република Северна Македонија кој ќе се гради во близина на с. Богословец. Станува збор за проект на компанијата Тхор Импекс доо Скопје, во која мнозинско учество има БНБ Компани ДОО учество заедно со Инвестицискиот фонд за зелен раст (Green for Growth Fund – GGF).

    
Проектот предвидува изградба на
ветерна централа со капацитет од 36
MW. Планирано е да бидат поставени осум ветерни турбини на локацијата во близина на с. Богословец, а реализацијата се очекува да биде завршена до средина на 2023 година.

 

 

 

Вкупниот износ на синдицираниот заем изнесува 51 милион евра, додека учеството на НЛБ Банка АД Скопје е во висина од 7 милиони евра. Преку оваа инвестиција, Банката дава свој значаен придонес во реализирање на целите на земјата за зголемено учество на обновливи извори на енергија во производството на електрична енергија.

 

Нашето учество во овој синдициран заем е од големо значење, посебно што НЛБ Банка како дел од НЛБ Групацијата континуирано работи во насока на приближување кон глобалните принципи на Обединетите нации за одговорно банкарство. Со поддршка на овој проект ја интензивираме нашата работа во областа на одржливоста и преку систематски и аналитичен пристап имаме можност позитивно да влијаеме врз животната средина. Нашата определба е јасна и во насока на поддршка на деловни активности и субјекти со локален и меѓународен опсег, кои функционираат во рамките на нашето општество и ја имаат разбрано нивната улога во контекст на одржливост.“ велат од НЛБ Банка.

 

  

Како системски значајна институција, Банката има можност вистински да влијае на околината во која работи со цел да даде свој значаен придонес во мисијата да се подобри квалитетот на животот на територијата во чии рамки функционира НЛБ Групацијата. Имајќи го ова предвид Банката и во иднина ќе продложи да ги поддржува проектите кои се однесуваат на обновливи извори на енергија, енеретски ефикасните проекти и проекти за намалување на CO2.