ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ

 
Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 27 – ми јули (вторник).
  
Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 27 – ми јули пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
  
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 27 – ми јуни до 30 – ти јули и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа :
 
  • 27 - ми јули (вторник) 2021 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 28 - ми јули (среда) 2021 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 29 - ти јули (четврток)  2021 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 30 - ти јули (петок)  2021 година, пензии со висина над 18.001 денари. 
      

Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 
 
Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 27.7 – вторник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

 
Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.