Европската банка за обнова и развој го награди придонесот на НЛБ Банка за успехот на програмата за финансирање на зелена енергија во резидентниот сектор

 
 
 

НЛБ Банка доби признание за својот придонес во зголемување на свесноста за важноста на енергетската ефикасност, правејќи го заемот на GEFF (Green Economy Financing Facility) достапен за голем број домаќинства што ја намалуваа потрошувачката на енергија, а со тоа придонесоа кон намалување на загадувањето на животната средина, како и кон севкупниот успех на програмата GEFF на Западен Балкан. Во знак на благодарност за исклучителниот придонес, Европската банка за обнова и развој во име на нашата Банка донира садници, кои ќе бидат засадени низ земјите во Западен Балкан, како трајно наследство за помладите генерации.

 

     

Инаку, од оваа кредитна линија преку нашата Банка целосно се пласирани  3 милиони евра до крајни корисници, физички лица. Станува збор за „зелени“ кредити, а досега се исплатени на клиентите финансиски стимулации од 315 илјади евра за успешно завршени проекти за една година кои и натаму се исплаќаат. 

 

„Ви благодариме што придонесовте за постигнување на значајни резултати и што придонесовте за инвестиции во енергетската ефикасност и дополнително зазеленување на економијата на регионот во согласност со Зелената агенда на Европската Унија и Економскиот и инвестициониот план за Западен Балкан.“ – истакнаа од Европската банка за обнова и развој.  

 

Минатата недела, Европската банка за обнова и развој со поддршка на Европската унија , Инвестициската рамка за Западен Балкан, Федералното министерство за финансии на Република Австрија  и Секретаријатот на економската заедница  одржа церемонија на која ги претстави резултатите од програмата на ЕБОР - GEFF во изминатите четири години и додели признанија на сите кои придонесоа за успехот на програмата на Западен Балкан.