НЛБ Банка Скопје потпиша Договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд со Развојна Банка на Република Северна Македонија  

 

  

Со цел да придонесе кон зголемување на понудата на поволни кредити за основни и обртни средства преку користењето на поволностите на Гарантниот фонд од Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ), НЛБ Банка Скопје потпиша Договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд со РБСМ. Со ова НЛБ Банка Скопје се вклучува во државната гарантна шема за поддршка на развојот на домашните компании, преку гарантирање на дел од колатералот по одобрените кредити.


Кредитите ставени под портфолио гаранција се наменети за основни или обртни средства за микро, мали и средни трговци во доминантна приватна сопственост и истите можат да бидат со максимален износ до 30.750.000 денари. Рокот на отплата на кредитите под гаранција може да биде од една до максимум осум години (за основни средства) и до три години (за обртни средства) со можност за вклучен грејс период до една година. Гаранцијата за кредити за основни средства може да биде до 50% од износот на главницата на кредитот, додека гаранцијата за кредити за обртни средства може да биде до 80% од износот на главницата на кредитот.


Инаку, Гарантната шема е дел од економските сетови на мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија заради справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата, и е дел од Планот за забрзан економски раст на Владата.