НЛБ Банка со промотивна кампања за Visa Business картичките за правни лица

 

 

Во духот на празнувањето и подарувањето, промотивно во текот на месец декември, НЛБ Банка подготви изненадувања за сите нови, но и постоечки клиенти, корисници на Visa Business картичките за правни лица.

 

Имено, клиентите кои во периодот од 1 до 31 декември 2022 година, ќе аплицираат за Visa Business картичка, вклучувајќи ги и дополнителните картички, истите ќе ги добијат без членарина за првата година на користење.

 

Бесплатна членарина на основната Visa картичка за следната година добиваат сите правни лица на Visa Business кои во споменатиот период ќе направат 15 или повеќе трансакции.

 

Дополнително, првите 300 правни лица кои во текот на декември ќе направат најмногу трансакции со Visa Business картичките, ќе добијат подарок од НЛБ Банка.

 

Visa Business е револвинг картичка која гласи на име на правното лице. Mожат да ја користат повеќе вработени за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина. Наменета е за фирми, претпријатија и институции кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби на своите вработени.