Апликација за поддршка за рекламирање на микро и мали претпријатија
во рамки на проектот „НЛБ Рамка за помош“

„НЛБ Рамка за помош“ е проект на НЛБ Банка за поддршка на микро и малите претпријатија со цел да им се помогне на овие компании да ги надминат негативните последици од кризата. НЛБ Банка овозможува бесплатен рекламен простор на различни медиуми и канали со цел рекламирање и промовирање на производите и услугите на овие компании.

Нашата цел е да помогнеме во ширењето на позитивните приказни за претприемништвото, да ги инспирираме микро и малите претпријатија да ги препознаат новите потенцијали и можности и да му дадат на својот бизнис нов поттик и свежина.

Ве молиме пополнете го образецот подолу и дозволете ни да ја слушнеме Вашата приказна. Ќе се разгледуваат апликациите доставени исклучиво преку овој формулар.

При изборот ќе бидат земени предвид само целосно пополнетите апликации.