ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што НЛБ БАНКА АД Скопје (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видео надзор од следните причини (цели):
- да се контролира пристапот до објектите (Дирекцијата, централната филијала и филијалите во Градот Скопје и останатите општини) и да се обезбеди сигурност на објектите, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имотот и информациите кои се лоцирани и се чуваат во просториите;
- за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура и оперативните информации; и
- да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад)
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица. Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видео надзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага). Камерите за видео надзор се инсталираат на објектите кои се во сопственост и/или владение на Контролорот и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените простории или објекти, вклучително и имотот на Контролорот (на пример: за паркирање). Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на: влезните и излезните места на објектите и филијалите на Контролорот, надворешна површина на објектите, како и безбедносните зони на Kонтролорот.
2. Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
3. Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот ја врши обработката на личните податоци и ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видео надзор?
Контролорот користи опрема за видео надзор заради: - заштита на животот или здравјето на луѓето;
- заштита на сопственоста;
- заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата; или
- обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените простории заради безбедносни цели.
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, на влезот на сите објекти на Контролорот има видливо и јасно истакнато известување за видео надзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видео надзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видео надзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.
5. Кој може да ги види моите лични податоци?
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видео надзор одговорни за безбедноста на Контролорот, како и овластените лица од ангажирана Агенција за приватно обезбедување. Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без соодветно писмено овластување.
6. Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на е-пошта info@nlb.mk или по пошта на адреса: ул. Водњанска 1, 1000 Скопје.
7. Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до Контролорот
8. Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видео надзорот
9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на info@nlb.mk, кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и Вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
10. Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на ул. Водњанска 1, 1000 Скопје, кога обработката е незаконска.
11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
12. Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на ул. Водњанска 1, 1000 Скопје, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
13. Што можам да направам во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до info@nlb.mk и да побарате да преземе акција.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирате со нашиот Офицер за заштита на личните податоци на dpo@nlb.mk.
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, којa ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки
14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видео надзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
15. Безбедност на личните податоци Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци.
Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
16. Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци најмногу 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видео записи автоматски се бришат.
.