НЛБ Постепено штедење

НЛБ Постепеното штедење е тип на штедење кое преку редовни месечни уплати Ви овоможува да го заштедите посакуваниот износ.

Карактеристики

  • Валута: МКД / ЕУР
  • Рок на орочување: 
    • 5 години (со можност да го разрочите депозитот по истекот на првата година)
    • 1 година
    • 6 месеци 
  • Минимален влог: 1.000 МКД / 15 ЕУР
  • Каматни стапки: основна/фиксна каматна стапка за депозити во МКД + фиксен додаток /  основна фиксна каматна стапка за депозити во ЕУР + фиксен додаток. Фиксен додаток се добива за редовни месечни уплати
  • Припис на камата: еднаш годишно кај рок на орочување 5 години / на крај на периодот на орочување кај 1 година и 6 месеци
  • Склучување на договор: во сите експозитури на НЛБ Банка
  • Документ за идентификација: лична карта или пасош 
  • Можност за менување на износот на месечниот влог по желба

Каматни стапки

Долгорочно постепено штедење

 

ВалутаРочностОсновна каматна стапкаФиксен додаток
1-ва год. 2-ра год. 3-та год. 4-та год. 5-та год.
МКД 60 месеци 1,60% 0,10% 0,20% 0,30% 0,40% 0,50%
ЕУР 60 месеци 1,20% 0,05% 0,10% 0,15% 0,20% 0,25%

 

Краткорочно постепено штедење

 

ВалутаРочностОсновна каматна стапкаФиксен додаток
МКД 12 месеци 0,50%  0,10%
ЕУР 12 месеци 0,30% 0,02%
МКД 6 месеци 0,10%  0,05%
ЕУР 6 месеци 0,03% 0,02%

* Каматните стапки се на годишно ниво.

** Денарските депозити со рочност до 36 месеци имаат фиксна каматна стапка. Кај депозитите со рочност од 48 и 60 месеци каматната стапка е варијабилна и е составена од Национална референтна каматна стапка (НРКС) зголемена за фиксен додаток. НРКС се усогласува на 01.01. и 01.07. во годината за сите постоечки депозити, а ново отворените партии ја превземаат важечката НРКС за месецот во кој се отворени.

*** Фиксна каматна стапка, редовни месечни уплати од минимум 15еур. Кај постоечките депозити од Постепено и ТИБИ Постепено штедење со рочност од 60месеци, отворени пред 1.6.2023 година, основната каматна стапка е варијабилна и претставува збир на 6 месечен ЕУРИБОР и фиксен додаток. 6 месечниот ЕУРИБОР се усогласува на 01.01. и 01.07. во годината за сите постоечки депозити. Како важечка каматна стапка во неработни денови или денови од викенд, кои се работни за експозитурите/каналите на Банката, се смета каматната стапка објавена за последниот работен ден.

***Како важечка каматна стапка во неработни денови или денови од викенд,  кои се работни за експозитурите/каналите на Банката, се смета каматната стапка објавена за последниот работен ден.

Преглед на каматни стапки за сите депозити на физички лица

Хронолошки промени на 6 месечен Еурибор