НЛБ БАНКООСИГУРУВАЊЕ 

 

Главни предности:

  • Заштеда на време и средства преку завршување на обврските на едно место
  • Можност за плаќање на полисата на рати преку Вашата НЛБ кредитна картичка.
  • Цени и попусти како и во осигурителната компанија.

Полиси за неживотно осигурување

НЛБ Банка во соработка со Сава Осигурување Ви нуди можност да купите полиса за неживотно осигурување и тоа:

  • Патничко осигурување - Купи Online
  • Автомобилска одговорност
  • Каско осигурување
  • Зелен картон
  • Домаќинско осигурување - Купи Online
  • Осигурување на имот од пожар и некои други опасности
  • Осигурување од незгода
  • Приватно здравствено осигурување
  • Сите останати типови полиси за неживотно осигурување

Полиси за животно осигурување

 

НЛБ Банка во соработка со Кроациа Осигурување - Живот Ви нуди можност да купите полиса за животно осигурување. Животното осигурување Ви овозможува не само да бидете чекор пред изненадувањата кои ги носи животот, туку тоа истовремено претставува одличен и сигурен облик на долгорочно штедење.

  • Мешовито осигурување на живот
  • Детско штедно осигурување
  • Круг на живот
  • Ризико плус осигурување
  • Сите останати типови полиси за животно осигурување

 

Полиси за Инвестициско животно осигурување

 

НЛБ Банка во соработка со Триглав Осигурување - Живот Ви нуди можност да купите полиса за инвестициско осигурување на живот (Унит Линк), комбинација на осигурување на живот и вложувања во инвестициски фонд.

  • Финансиски производ кој вклучува одлична комбинација од животно осигурување и вложувања поврзани со удели во инвестициски фондови.
  • Современ начин на инвестирање на средства за обезбедување атрактивен принос со умерен ризик, со истовремено обезбедување на финансиска сигурност за Вашите најблиски.

Што е потребно?

Доколку сакате да купите полиса за осигурување, потребно е само да ја посетите најблиската експозитура на НЛБ Банка.

Со Вас носете ги потребните документи во зависност за која полиса сакате да поднесете барање и документ за лична идентификација.

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на Банката или на телефонски број 02/15-600.

Локатор на експозитури