НЛБ Галерија: Промоција на книгата „Концепт мама“

   

  

На 2-ри Oктомври, 2018 година (вторник) во нашата НЛБ Галерија (Дирекција на НЛБ Банка на ул.Мајка Тереза 1, Скопје) со почеток во 19 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Концепт мама” од Александра Шекутковска Докоска.

 

 


   

„Концепт мама” е првата македонска сѐ-во-едно книга и дневник за родителството. Александра Шекутковска Докоска користи комбиниран жанр од дневник и прирачник, обединувајќи го личното искуство со стручни сознанија и практични совети.

 

Низ своите размислувања и истражувања таа опфаќа сѐ што би им било неопходно на современите родители. Изборот на теми е според најсовремените препораки и трендови и ја следи светската традиција, идните родители да се информираат преку книги. „Концепт мама” е моќна алатка за самоподдршка, конструирање на целовит и балансиран пристап и градење самодоверба во себе како родител.

.