Врз основа на членовите 40 и 41 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 12.12.2019 година за свикување на Собрание на акционери,

НЛБ Банка АД Скопје


ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје

 

Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, ќе се одржи на ден 16.01. 2020 година, со почеток во 13.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“бр.1, Скопје, со следниот:

 

Дневен ред

 

  1. Избор на претседавач на Собранието;
  2. Избор на записничар и на бројач на гласови на Собранието;
  3. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје;
  4. Предлог-одлука за именување на независен член на Надзорен одбор на НЛБ Банка АД Скопје
  5. Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста на Кристина Ковачич-Бјелајац за член на Надзорен одбор на НЛБ Банка АД Скопје
  6. Предлог-одлука за усвојување на Политика за наградување за вработените со посебна природа на работата во НЛБ Банка АД Скопје

 

Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието. 

 

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје (контакт-телефон: 02/5100-326 и 02/5100-906).

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со потпишување на писмено полномошно. За секое полномошно дадено во писмена форма, потребно е акционерот веднаш писмено да ја извести Банката, на адреса на седиштето на НЛБ Банка АД Скопје: ул. „Мајка Тереза“ бр. 1, 1000 Скопје или на електронската адреса sekretarijat@nlb.mk, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.

 

Во случај на давање на полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, полномошникот е должен во рок од 5 работни дена пред одржувањето на Собранието, да достави известување до Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давањето на полномошното, бројот на акции за кои се дадени полномошните, како и дали се тие со или без инструкции за гласање.

 
Известувањето, полномошникот го поднесува до Комисијата во писмена форма, исклучиво на пропишан Образец, утврден во Правилникот за критериуми за утврдување на заедничко дејствување во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва.

 

Собранието ќе одлучува само по прашања кои се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Право на гласање и давање предлози за расправа за одделни прашања, имаат само акционерите кои се сопственици на акции со право на глас.

 

На својата интернет страница www.nlb.mk , не подоцна од 21 ден  пред денот на одржување на седницата на Собранието, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги објави и ќе бидат достапни следниве материјали и информации:

содржината на јавниот повик, односно поканата за свикување на седница на Собрание на акционери; вкупниот број на акции и вкупниот број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик, односно на денот на испраќање на поканата, вклучително и вкупен број на акции од секој род и класа; документите и материјалите кои ќе се разгледуваат на седницата на Собранието на акционери; предложените одлуки од акционерите кои Банката веднаш откако ќе ги прими ги објавува и обрасците за гласање преку полномошник се подготвени за преземање електронски од страна на акционерите (овој образец се однесува на давање на полномошно од еден акционер на едно лице. Во случај на давање на полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, се користи образецот утврден во Правилникот за критериуми за утврдување на заедничко дејствување во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва)

 

Материјалите од дневниот ред и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва се достапни на увид на акционерите, секој работен ден од денот на објавата на јавниот повик за свикување Собрание, од 10.00 до 13.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“, бр. 1, 1000 Скопје, Р. Македонија, во Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје.

 

Во Скопје,

 
НЛБ Банка АД Скопје 


На денот на објавата на јавниот повик 16.12.209 година, Банката има издадено 854.061 (обични акции) акција, од кои со право на глас 853.245 акции.

Резултати од гласањето на Собранието на акционери одржано на 16.01.2020 година.