НЛБ ГАЛЕРИЈА: Изложба на Маја Андонова Јокиќ

 
  
 

  

На 06.02.2019 година, со почеток во 20 часот во НЛБ Галерија (Дирекција на НЛБ Банка АД Скопје, ул.Мајка Тереза 1, Скопје) ќе биде отворена самостојната изложба „Обоена љубов“ на дела од Маја Андонова Јокиќ.

 

На изложбата таа ќе изложи со педесет свои дела изработени со техниката акрил на платно во период од 2016 до 2019 година, преку кои Андонова Јокиќ се претставува мошне храбро.

 

Во ова мачно тивко време на пригушени гласови, таа катарзично и несебично, но и доста храбро, како гејзер експлодира со бои и не шокира со убавата и заборавена реалност.

  

Изложбата ќе биде отворена се до 26.2.2019 година, во работните денови од 8 до 18 часот и викендите од 8 до 14 часот.