Известување работно време на експозитурите на НЛБ Банка за ден 14.03.2020 (сабота) 

 

  

Почитувани клиенти,

  

Би сакале да Ве информираме дека поради намалените капацитети за работа, согласно мерките на Владата за превенција од ширење на Корона вирусот (COVID-19) во Република Северна Македонија, НЛБ Банка изврши промена на работното време на експозитурите за ден 14.03.2020 година – сабота:
 
• Во Скопје експозитурите ГТЦ, Центар, Универзална Сала, Ѓорче Петров и Автокоманда нема да работат.
 
• Во градовите надвор од Скопје експозитурите Гостивар, Кичево и Струга нема да работат.
 
• Останатите експозитури кои работат во сабота ќе работат со редовно работно време.

 

  
 
Од понеделник, експозитурите ќе продолжат со редовно работно време освен:

• Експозитурите Карпош 4, Три бисери, Клинички центар и Соборен храм нема да работат.
 
• Eкспозитура Валандово која ќе работи со скратено работно време од понеделник до петок од 08:00 до 12:00 часот.

   

 

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје