ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАБОТНО ВРЕМЕ НА ЕКСПОЗИТУРИТЕ НА НЛБ БАНКА ОД 06.04.2020 ГОДИНА

 
 
 

Почитувани клиенти,   

     

Во согласност со моменталната ситуација на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на своите клиенти и вработени, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури почнувајќи од понеделник 06.04.2020 година и тоа:
   
• Сите експозитури на НЛБ Банка од понеделник до петок ќе работат во период од 08:30 до 15:00 часот, освен Eкспозитура Дирекција која ќе работи од 08:30 до 16:00 часот.

• Експозитурите на Банката во сабота нема да работат.

  

 
Воедно, Ве информираме дека Експозитурите на Банката продолжуваат со работа за клиентите со извршување на сите банкарски трансакции.

Работното време на експозитурите ќе се менува тековно согласно расположливите капацитети, актуелни мерки и состојби и истото редовно ќе се ажурира на веб страницата на Банката на следниот линк

 
За Ваша заштита и заштита на Вашите блиски, Банката уште еднаш апелира да останете дома, да ги минимизирате посетите на експозитурите доколку не се неопходни и да ги извршувате сите банкарски трансакции преку мобилното и електронското банкарство без провизии до 15.04.2020 година.

Ние сме заедно со Вас за сè што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата и на телефонскиот број 02/15-600

       

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје