Вaшата банка секаде со Вас со НЛБ Проклик – електронското банкарство за правни лица

  

Eлектронското банкарство за правни лица полека но сигурно станува императив и синоним кој го карактеризира модерниот начин на работење на бизнисите. НЛБ Банка ги следи современите начини на работење и ги овозможува овие услуги преку НЛБ мПроклик - мобилното и НЛБ Проклик - електронското банкарство за правни лица.

   

 

Електронското плаќање несомнено ја зголемува ефикасноста на работењето на компаниите и помага во рационално организирање на времето, како и заштеда на средствата. Директно преку мобилен телефон или компјутер во секое време и на секое место клиентите можат да ги реализираат сите потребни банкарски трансакции за својата фирма, без потреба да чекаат ред во експозитура. Дополнително, од аспект на трошоците, електронските налози се од 50 до 70% поевтини отколку хартиените налози.

    

Со цел поголема достапност на овие канали до правните лица, НЛБ Банка во месец септември спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик - електронското и НЛБ - мПроклик мобилното банкарство за правни лица.

Во рамките на промотивната понуда, сите правни лица кои ќе аплицираат за НЛБ Проклик или НЛБ мПроклик до 30 септември ќе го добијат Проклик мини пакетот без надомест за месец септември и октомври и ќе можат да ги реализираат сите електронски плаќања без трошоци за електронско банкарство до крајот на октомври.

   

Со НЛБ Проклик – електронското банкарство и НЛБ мПроклик - мобилното банкарство клиентите – правни лица имаат постојан увид на состојбата и прометот на своите сметки и можат самостојно да ги извршуваат банкарските трансакции брзо и едноставно.

Дополнително преку НЛБ Проклик клиентите имаат можност за преглед на кредитите и директно плаќање на обврските, како и можност за персонализирање на изгледот и прилагодување на начинот на работење. Освен ова, НЛБ Проклик на клиентите им овозможува  директен контакт со  Банката во било кое време , како и можност да добиваат известувања за новитетите и персонализираните понуди од Банката.

  

Повеќе информации може да се добијат на телефонски број 02/ 15 600, во најблиската експозитура на Банката или на следниов линк