НЛБ Кредитите со посебни поволности во месец февруари 

 

 

Во текот на месец февруари, НЛБ Банка за сите оние кои размислуваат за нови можности и сакаат да ги остварат плановите за кои долго мечтаеле, нуди посебни промотивни поволности за кредитите за физички лица.

 

Имено, клиентите кои во периодот од 1 до 28 февруари ќе ја изберат НЛБ Банка за свој кредитен партнер и ќе аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит имаат можност бараниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот за кредитите со обезбедување на недвижен имот.

      

 

     

Дополнителна придобивка за клиентите е брзата и едноставна постапка за одобрување на НЛБ кредитите. Потрошувачките кредити се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а кредитот е достапен со само една посета на експозитура или пак со само неколку клика на апликацијата за мобилно банкарство, доколку клиентите го изберат целосно автоматизираниот мобилен кредит кој е во износ до 10.000 евра.

 

За корисниците на станбен кредит, НЛБ Банка, освен флексибилниот пристап, има и широка понуда на повеќе градежни компании за кои се овозможени поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

 

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.