ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ
Ве информираме дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, се планира да почне од 27-ми февруари (понеделник).
Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 27-ми февруари пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
-
- 27.02 (понеделник) 2023 година, пензии со висина до 11.000 денари
- 28.02 (вторник) 2023 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
- 01.03 (среда) 2023 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
- 02.03 (четврток) 2023 година, пензии со висина над 18.001 денари.
Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Со почит,