ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ

 

Ве информираме дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, се планира да почне од 28-ми март (вторник).

  
Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 28-ми март пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите е креиран согласно висината на пензијата и тоа: 
  • 28 – ми март  (вторник) 2023 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 29 – ти март (среда) 2023 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 30 – ти март (четврток) 2023 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 31 - ви март (петок) 2023 година, пензии со висина над 18.001 денари.

Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 

Со почит,

НЛБ Банка АД Скопје