ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ
Ве информираме дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, се планира да почне од 31.07.2023 (понеделник).
Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 31.07.2023 (понеделник) пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
Исплатата на пензиите на благајна во експозитурите на Банката ќе се одвива по рангови идентични како и исплатата минатиот месец:
- 31 – ви јули (понеделник) 2023 година, пензии со висина до 14.000 денари
- 01 – ви август (вторник) 2023 година, пензии со висина над 14.001 денари
Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје