Известување за клиенти за персонализиран годишен извештај за надоместоци за платежни услуги

 

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека во насока на ваша информираност и поголема транспарентност, а во согласност со Законот за платежни услуги и платни системи, Банката подготви персонализиран годишен извештај за надоместоци за услугите поврзани со вашата платежна сметка. Извештајот се однесува на клиентите – физички лица и ги содржи пресметаните надоместоци за претходната календарска година, односно за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година.

 

Овој извештај Банката ќе го изготвува еднаш годишно, заклучно со 31 јануари, за претходната календарска година, и истиот ви е достапен за преземање на следните два начини: 

  • Во хартиена форма преку експозитурите на Банката (лично со важечки документ за лична идентификација)
  • Во електронска форма преку електронските сервиси на Банката

 

Со почит,

НЛБ Банка

.