ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ

Согласно информацијата од ПИОМ за исплата на пензиите на 01.10.2024 (вторник) , на истиот ден, пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија во експозитурите и на банкоматите на НЛБ Банка.

Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.