Совети при купување на стан или куќа

Конечно одлучивте да го купите својот дом од соништата.
Но дали ги земавте предвид сите ситуации пред да ја донесете Вашата одлука?

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

  

Кирија или кредит?

Голем дел од домаќинствата денес одлучуваат да плаќаат месечна кирија, наместо да обезбедат долгорочно решение - сопствен дом. Плаќањето кирија на прв поглед можеби е подостапна, но гледано на долг рок, тоа се само пари вложени во нешто што не е во Ваша сопственост. Според пресметките за просечен станбен кредит од 30.000 евра, една рата обично достигнува до 200 евра месечно. Ова е скоро колку и месечна кирија за изнајмување на стан со средна големина. Па така, ратата за кредит за стан е речиси идентична со месечниот надомест за живот под кирија.

 

Споредете ги цените

Купувањето на сопствен дом не е едноставна одлука. При купување на недвижнини треба да се внимава на многу работи. Прва работа за која се интересира секој потенцијален купувач е цената. Цената по метар квадратен најчесто е поврзана со локацијата, градбата и слично. Прво што треба да направите е да ги споредите цените по метар квадратен на становите и да се осигурате дека цената е во рамки на Вашиот расположлив буџет.

 

Изберете ја локацијата

Изборот на локација е исто така еден од проблемите со кои се соочува купувачот. При изборот на локација треба да се одлучите за локација која одговара на Вашиот животен стил. Изберете локација која е во близина на работното место, која има во близина градинка, болница, парк.  Локацијата игра најголема улога во цената на станот. Становите и куќите кои имаат поатрактивна локација секогаш се со драстично повисока цена.

Купете стан во предградба

На цената на станот исто така влијае и тоа дали купувате стан во предградба, градба или веќе готови станови. Цените на становите во предградба, без разлика на нивната локација се далеку пониски од цените на готов стан. 

  

Дознајте од кои материјали е изграден станот 

Квалитетниот стан или куќа кои имаат добра надворешна и внатрешна изолација, влијаат на протокот на топлина, а со тоа и на потрошувачката на електрична енергија. На второ место е звучната изолација која овозможува попријатната атмосфера во Вашиот дом.