Зошто треба да користите мобилно банкарство?

За сите оние кои сакаат да ги извршуваат банкарските трансакции лесно и сигурно преку мобилен телефон.

 ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Зошто треба да користите мобилно банкарство?

Мобилното банкарство како нова форма на банкарско работење, овозможена од новите технологии и иновации Ви овозможува да ги реализирате сите банкарски трансакции директно преку Вашиот мобилен телефон во секое време и на секое место. Мобилното банкарство Ви овозможува да заштедите време и финансиски средства и да ги реализирате сите трансакции без да чекате ред во Банка. Доколку сеуште немате мобилно банкарство, активирајте ја НЛБ мКлик апликацијата која Ви овозможува да ги реализирате сите трансакции само со еден клик!

Што е НЛБ мКлик?

НЛБ мКлик - мобилно банкарство е софтверска апликација која се инсталира и користи преку мобилен телефон. Со НЛБ мКлик апликацијата можете да вршите разни плаќања директно од Вашиот мобилен телефон и да ги извршувате сите банкарски работи од било кое место и во било кое време.

Што сѐ можам да направам доколку ја користам НЛБ мКлик на мојот мобилен телефон? 

  • Отворање на трансакциска сметка online директно преку апликацијата
  • Едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата и прометот на сите Ваши сметки, депозити,картички и кредити
  • Извршување на сите плаќања со само еден клик: интерни трансакции, режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица
  • Промена на лимит на Вашите картички за подигнување готовина на банкомат, плаќања во продажната мрежа на ПОС терминал и интернет плаќања, за Ваша поголема сигурност и флексибилност при користење на НЛБ платежните картички
  • Конверзија од една во друга валута
  • Надополнување на кредит за мобилен телефон
  • Локатор на најблискиот банкомат и експозитура
  • Директен контакт со Банката во секое време
  • Брзо и едноставно плаќање на достасаните обврски на  Вашите кредитни картички / Кредити
  • Доспевање на рати на Вашите кредитни картички
  • Плаќање на сметки за режиски трошоци без провизија 
  • Добивање на известувања (нотификации) за трансакции со платежни картички како и известувања (нотификации)  за приливи и одливи од Вашата трансациска сметка
     

Дали можам да ги реализирам сите горенаведени трансакции додека сум на одмор во странство?

Со НЛБ мКлик мобилното банкарство можете да ги реализирате сите трансакции директно преку Вашиот мобилен телефон, од кое било место во земјата и странство. Сѐ што е потребно е да имате интернет конекција и да ја инсталирате НЛБ мКлик апликацијата. Зависно од Вашите потреби, можете да изберете еден од НЛБ мКлик пакетите:

Тип на пакет                                Цена                         Што вклучува?

Light пакет



0 мкд

Пакет за млади до 25 години 0 мкд
Standard пакет 70 мкд месечно
Comfort пакет 120 мкд месечно
 * БЕСПЛАТНО едномесечно пробно користење на Standard и Comfort пакетот.
** Можност за самостојна промена и избор на пакет, преку НЛБ мКлик апликацијата, во делот подесување. Промената може да се направи еднаш месечно.

 

Како да ја инсталирам НЛБ мКлик? 

НЛБ мКлик апликацијата за мобилно банкарство можете самостојно да ја инсталирате на Вашиот мобилен телефон или да се обратите во најблиската експозитура.

Апликацијата е достапна и едноставно можете да ја преземете од Google Play и Apple store.