Во НЛБ Банка го поддржуваме развојот на младите кадри и ја поттикнуваме младата студентска иницијатива. Традиционално нудиме можност за практична работа на млади и амбициозни луѓе кои се во текот на нивните универзитетски студии од областа на економијата и информациските технологии.
Досега имаме воспоставено успешна соработка со следниве високообразовни институции во државата:
УКИМ Економски факултет - Скопје, УКО Економски факултет - Прилеп, ФОН Универзитет - Факултет за економски науки, ЈИЕ Универзитет - Факултет за бизнис администрација, УКИМ Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје.
Студентите избрани за пракса за време на летото имаат можност да учествуваат во банкарските операции, да работат во динамична и постојано променлива околина, да научат за различните области од банкарството и сл. Врз основа на остварената пракса, практикантите се здобиваат со препорака за реализација на пракса со евалуација на нивниот ангажман и можности за вработување во Банката.
Апликација за пракса