Девизна сметка

Девизната сметка е платежна сметка со помош на која може да ги вршите сите платежни кредитни трансфери во странство.

За кого е наменета?

Девизната сметка е наменета за сите правни лица – резиденти и нерезиденти, за извршување на платниот промет со странство.

Предности на девизната сметка

  • Едноставно и брзо отворање без надоместок
  • Сигурно и квалитетно извршување на Вашите налози за плаќање
  • Тајност на податоците за Вашата сметка
  • Изработка на сите видови потврди по Ваше барање

Правни лица резиденти - Документација која треба Вие да ја обезбедите

 


  • Решение од Централниот Регистар на РМ или тековна состојба од Трговски регистар, оригинал, или копија заверена на нотар, не постаро од 3 месеци или Акт од надлежен орган за основање ако учесникот не е запишан во регистарот и не е основан врз основа на закон или Извод од Законот ако учесникот е основан врз основа на закон 
  • ЗП образец-заверени потписи на лица овластени за застапување, оригинал или копија заверена кај нотар
  • Копија од важечки документ за идентификација (лична карта или пасош) 

Правни лица нерезиденти - Документација која треба Вие да ја обезбедите

 


  • Извод од трговски регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот не постар од 3 месеци, од кој ќе може да се утврди датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето, дејноста која ја врши, основачот/ите, даночниот број, законскиот застапник, органот на управување и лицата ополномоштени за влегување во деловен однос во име на клиентот.
  • Документ за основање на фирмата и статут на фирмата (документи кои не се замена за изводот од трговски регистар, туку служат како надополнување во зависност од случајот.
  • Превод на македонски јазик од документите за регистрација на правното лице извршен од страна на овластен судски преведувач или од страна на овластен преведувач за македонски јазик во странската држава.
  • Оригинални и важечки документи за идентификација на физички лица или копии заверени на нотар
  • Дополнителни регистрациски документи, акционерски книги (за утврдување на вистински сопственик согласно утврдената потреба.
  • Податоци за активностите на клиентот, финансиската состојба, изворите на средства и деловните партнери (дополнителни податоци побарани од Банката за потребите за утврдување на цел и намера на деловен однос.