За висок степен на сигурност во електронското работење, НЛБ Банка користи современи технологии со највисоки безбедносни стандарди според светски критериуми.
Сите податоци кои ги разменуваат корисникот и Банката се шифрирани. Корисникот се идентификува преку своето корисничко име и лозинка (за Мини Клик), како и преку мобилната апликација НЛБ мКлик .
МИНИ КЛИК
Кај пакетот Мини Клик со кој е овозможено само проверка на состојба и плаќање на режиски трошоци, се идентификувате со корисничко име и лозинка. При пријава за Мини Клик ќе добиете корисничко име и активациски код. При првата најава со активацискиот код, веднаш сами ја дефинирате лозинката која ќе ја користите за најава во иднина.
За висок степен на сигурност можете да придонесете и Вие самите, со тоа што ќе дефинирате „силна“ лозинка преку почитување на неколку едноставни правила:
- лозинката треба да содржи најмалку 9 карактери
- да биде комбинација од букви, бројки и специјални карактери
- да не го содржи Вашето име или имињата на вашите најблиски
- не ја кажувајте Вашата лозинка никому
МАКСИ КЛИК
Кај пакетот Макси Клик каде покрај проверка на состојба, се овозможени и сите видови плаќања, покрај корисничко име и лозинка, за идентификација се користи мобилната апликација НЛБ мКлик.