Сефови

За предмети од вредност, документи и други материјали за кои ви е потребна сигурност, дискреција и тајност можете да закупите сеф.

Основни информации

  • Сефовите на НЛБ Банка се лоцирани во Дирекцијата на Банката и Експозитура ГТЦ - Скопје.
  • Зависно Вашите потреби можете да изберете сефови со различни димензии кои можете да ги изнајмите за различен период

Димензии на сеф (мм)Месечен закуп (МКД)Годишен закуп (МКД)
71 х 310 х 420 420 4.200
95 х 300 х 400 420 4.200
145 х 310 х 420 520 5.200
195 х 300 х 400 520 5.200
235 х 310 х 420 630 6.300
295 х 300 х 400 630 6.300
290 x 310 x 420 840 8.400
510 x 310 x 420 1.340 13.400

*Провизиите се со важност од 01.06.2019

Дополнителни информации:

  • НЛБ Банка на Ваше барање може да изврши осигурување на содржината на сефот кај осигурителна компанија.
  • Сефот се отвора со два клуча од кои едниот е кај Вас, а другиот во Банката. Во случај да го изгубите клучот, за тоа веднаш треба да ја известите Банката со цел да се изврши измена на бравата.
  • Во сефот не е дозволено да се чуваат запаливи и предмети подложни на експлозија, радиоактивни материи, оружје, предмети подложни на распаѓање, расипување, разлевање или предмети за кои постои забрана за промет со закон или други прописи. 
  • Доколку не го откажете сефот најмалку 15 (петнаесет) дена пред истекот на договорениот рок, закупот продолжува автоматски за исто времетраење како претходно договореното.
  • Потребни документи за изнајмување на сеф се документ за идентификација (лична карта) и Договор за закуп на сеф.