Преземете ја апликацијата Garmin Connect, преку која можете да управувате со вашиот часовник Garmin. На „повеќе“, пронајдете Garmin Pay, изберете „додај картичка“ и следете ги упатствата во апликацијата.
За успешно додавање на картичката во Garmin Pay, ќе треба да внесете и еднократен активациски код во апликацијата, кој ќе го добиете преку СМС. Откако картичката ќе се додаде во апликацијата, ќе ја видите и на вашиот Garmin часовник кој веќе е подготвен за плаќање.
За користење на Garmin Pay, потребно е да:
- Да креирате ПИН код кој ќе го користите при плаќање со Garmin Pay.
- Да имате активна Visa или Mastercard платежна картичка од НЛБ Банка.
- Да имате ажуриран мобилен телефонски број во Банката
Да ги прифатите Општите правила и услови за користење на дигитален паричник