NLB Pay е мобилна апликација на Банката која на корисниците им овозоможува увид во своите платежни картички. Оваа апликација е достапна на Play Store. За да истата може да се активира потребно е корисникот да има барем една активна платежна картичка издадена во НЛБ Банка. По превземањето на платежната картичка од Банка, односно по нејзино врачување, корисникот потребно е да изврши активација на картичката.
Како да активирам NLB Pay?
- Започни со активација
- Избор на јазик
- Прифаќање на Општи правила и услови за користење на услугата “NLB Pay Македонија”
- Внес на ЕМБГ и телефонски број на корисникот кој е пријавен во Банката.
- Внесување на еднократната лозинка добиена преку СМС порака на телефонскиот број кој корисникот го има за себе во банка
- Регистрацијата продолжува со избор на една од платежните картички кои корисникот ги има активни во системот на Банката и внес на картичниот ПИН за истата
- Дефинирање своја лична 4 цифрена лозинка
- Избор за најава со биометрија, ако оваа опција е поддржана на уредот
- По успешната автентикација корисникот има можност за пристап до преглед до сите картични продукти кои ги има во Банката